Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој профитира од „теленовелата“ Груевски-ВМРО-ДПМНЕ: „На сите им одговара, но најмалку на СДСМ“

0
By Ана Василевска on September 26, 2023 АНАЛИЗА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжува „сапуницата“ меѓу експремиерот Никола Груевски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, овој пат со епизодата „УСБ“. Откако во претходните денови, преписките се водеа најчесто преку објави на Фејсбук, синоќа поранешниот претседател на Владата се јави од Будимпешта преку вклучување во емисија за да ја објасни својата верзија на настаните. Тој го демантираше неговиот поранешен партиски соработник Александар Николоски и му замери дека делува со „удбашки методи“. Човекот кој побегна во Будимпешта е обвинет од својата матична партика дека преку стик меморија ја доставил содржината за измени на Кривичниот законик до лидерот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Според Николоски, Груевски е дел од сценарио за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ и смета дека се обидува да издејствува гласање на уставните измени и внесување на Бугарите.

За дел од јавноста, ваквите обвинувања се класична „турска теленовела“. Според политичкиот аналитичар, Благојче Атанасоски, ова е „финална пресметка помеѓу поранешниот лидер на ВМРО- ДПМНЕ и актуелниот претседател на ДПМНЕ, за тоа кој ќе ја преземе целосно контролата врз партијата“. Во разговор за „Локално“, појаснува дека овој конфликт тлееше во воздухот веќе подолго врем, но јавноста не го гледаше во овој вид на ФБ преписки и изјави се до моментот кога „експлодира“.

Благојче Атанасоски

Секако некој процени дека е апсолутно погоден моментот за пресметка со Никола Груевски и негово целосно маргинализирање во однос на одлучувањето во структурите на ДПМНЕ. Сепак, рано е да видиме кој ќе излезе целосен победник,а кој поразен од оваа битка за тронот на десницата,и покрај тоа што искуството од минатото ни говорело дека секогаш победници биле актуелните претседатели на партијата, тврди Атанасоски.

За тоа дали Груевски може да убедува пратеници да гласаат за уставни измени, како што тврдат од опозицијата, соговорникот верува дека екс-премиерот има таква моќ, „како што имаше моќ Сашо Мијалков, неговиот братучед и поранешен директор на УБК да ги убедува пратениците да гласаат за уставните измени околу Преспанскиот договор“.

Но мислам дека по тешките обвинувања меѓу Мицкоски и Груевски, сега моќта на вториот е целосно намалена да не речам ја нема во однос на тоа дека може да убеди неколкумина пратеници од редовите на опозицијата,камо ли пак 10, бидејќи тие немаат никаква опортуна вредност да го „послушаат“ и да гласаат за уставните измени за внес на Бугарите во македонскиот Устав, како услов без кој не се може да се продолжат македонските евроинтеграции. Се до моментот додека не се во игра милиони евра во куферчиња кои може да ги „предомислат“ непопустливите пратеници, истакнува Атанасоски.

Аналитичарот смета дека на сите по малку им одговара ваквата „војна“, но најмалку на владеачката СДСМ. Додава дека му одговара и на Мицкоски, за кој како што вели, по цели 6 години како лидер на опозицијата, конечно се „охрабри“ да се пресмета со својот претходник кој го инсталираше на претседателското место во „Белата палата“.

Му одговара и на Груевски кој досега играше „топло-ладно“ со своите поранешни сопартијци, а сега со оваа пресметка може да ги извади сите на показ, нивните криминали, карактерни особини и сите работи кои вешто се прикриваа, не дека ние упатените не ги знаевме до сега. Сепак станува збор за кловновска претстава за македонски политички (не) прилики во која на народот и граѓаните им се сервираа „леб и игри“, дециден е Атанасоски.

Од друга страна, новинарот Зоран Иванов посочува дека полемиката и постапките не се ништо ново за „карактерот“ на ВМРО-ДПМНЕ. За „Локално“ вели дека на отворената арена истрчаа сите досегашни нејзини претседатели. Сепак, според него, „треба да почекаме дали ќе дојде до финалето или сепак ќе си замолкнат се од страв некому од нив да не му се испушти па да почне да го отплеткува криминалното клопче за време на своите владеења па опашки да се влечат на сите страни“.

Зоран Иванов

Тоа е нашата македонска судбина да имаме водачи кои не дотуркаа дотука. Како тргнале верувам дека секој за секого има по некое УСБ, нагласува Иванов.

Соговорникот не смета дека Груевски работи за актуелната Влада, со цел гласање на уставните измени. Исто така не смета дека поранешниот шеф на Владата има моќ и би убедувал пратеници да гласаат за промена на Уставот.

Во политиката, посебно во оваа наша примитивна балканска и македонска, личните интереси и привилегии се примарни. Еве и сега со блокадата на уставните промени како услов за ЕУ патот до интеграција, инаетот, суетата, рејтингот, се поважни од државата како инаетчиите да живеат во друга држава. Како оваа да не е нивна. Ако воопшто работи (Груевски) нешто со некои структури во власта власта, работи исклучиво за себе, ниту за владата ниту за државата. Впрочем, видовме што, како и за кого работеше цела една декада, наведува Иванов.

Новинарот жали што политичката слика во моментов во земјава е таква каква што е. Порачува дека граѓаните сега можат да се уверат кој се` тоа бил и е во политиката и за кого сечеле вени.

Кога на анкети се изјаснуваат дека Македонија е „на погрешен пат“ значи не на патот за ЕУ туку на патот на изолација и криминал, на патот кој исклучува се` освен гола борба за власт, читај државниот буџет, нека согледаат кој тоа наместо кон ЕУ, се обидува да го заврти развојното кормило, да ја пренасочи државата на друг колосек па нека ценат, идат избори, вели Иванов.

Само на воајерите. На молчеливите комформисти, во сите наши општестсвени и социјални слоеви дел од нив нафатирани по разни основи. Молкот на интелегенцијата е погубно за сите останати, воопшто за иднината на земјата.

За тоа на кого најмногу му одговараат обвинувањата, Иванов тврди – на воајерите.

На молчеливите комформисти, во сите наши општестсвени и социјални слоеви дел од нив нафатирани по разни основи. Молкот на интелегенцијата е погубно за сите останати, воопшто за иднината на земјата, дообјаснува новинарот во својата анализа на ситуацијата.

Извор: Локално.мк

ВМРО-ДПМНЕ Груевски-Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.