НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој шири лаги за непризнавање на македонскиот јазик во ЕУ?

0
By Ана Василевска on November 16, 2023 АНАЛИЗА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Како што се ближеше месецот во кој сега се наоѓаме, кога на дневен ред во Собранието треба да се најде проширување на Уствот во делот каде се набројуваат малцинствата во земјава, општата нервоза растеше. Во прашање беше доведена иднината на земјата, која требаше да го прифати европскиот предлог за надминување на ситуацијата која ќе значи застој во одот кон Унијата. Сето тоа е познато, како што е веќе изветвен до кинење аргументот на опозицијата да не гласа за тој предлог, која, што е од круцијално значење за народот кој не треба да остане во историскиот ќорсокак.

Се работи за онаа флоскула за  „бугарски ултиматум“ која опстојува подолго време со поддршка на медиумите, кои се залепени за опозициониот интерес како дел од една анационална опција и кои како својата „аргументација“ го вадат антибугарскиот вокабулар. Истиот требаше одамна да е погребан низ нашето не мало искуство во градењето на пријателство со голем број нации и секако низ внимателното хармонизирање на релациите со соседите.

Кога се нема „домашна“, се препишува нешто набрзина

Антибугарското чувство се градеше врз прашањето на (не)признавањето на јазикот во доменот на бугарскиот национализам, навистина граден низ векови, но надминуван како низ нашата мудра дипломатија, така и највеќе преку европската модерна политичка филозофија која е алергична токму на таквите историски ставови, живи кај софиската десница секако.

Значи кога дојде овој пресуден ноември напорите на станарите од Палатата  „Христо Татарчев“ да ја оправдаат својата апстиненција од европскиот пат едноставно остануваат без никаква аргументација, ако не се смета инаетот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, што нашите стари обично го лекувале со валкање во сеното во шталата. Бидејќи, се „без домашна“, нашите колеги ќе посегнат по „препишување“  – ќе се земат „факти“ од плакарот за стара облека.

Паѓаат во очи два текста објавени во „Нова Македонија“. Првиот е под наслов „Нов предизвик за македонскиот јазик во ЕУ“ (https://novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/nov-predizvik-za-makedonskiot-jazik-vo-eu/ објавен на18 август, кога започна пленарната седница во Парламентот кога треба да се донесе одлука за потребата од отворање на Уставот. Наменска објава значи!

Европа не е фер само кон Македонија!

Во текстот од нам познатиот орман се вади теза дека според новата методологија за преговарање на ЕУ го немало поглавјето 34 каде требало да се впише  македонскиот јазик кој би бил еден од официјалните јазици на ЕУ, кога ќе завршат преговорите со Европската Унија. Тоа не е авторски текст, туку само искажување на оваа тема на поранешниот македонски министер, амбасадор и пратеник во македонското собрание Марјан Ѓорчев, кој лоцира „многу мистификации“ кога се говори на оваа тема.

ШТО НАПРАВИ ТОЈ САМИОТ Каков е резултатот на неговото амбасадорување во Софија, зошто не не подготви за тешкотиите

Освен оваа теза за измените во поглавјата и новата методологија, тој открива „предизвик за официјализирање на македонскиот јазик како рамноправен во семејството на јазици на Европската Унија“. Останува нејасно како ќе се реши прашањето со унилатералната изјава од Република Бугарија дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Во тој контекст, чиј вовед е некаква „чадна бомба“ наменета да ја замагли суштината на ова четиво, имаме враќање на тезата дека преговарачка рамка за Македонија е нефер и не е идентична со тие на другите кандидати, како за Србија и Црна Гора ги имаат поглавјето 34 и 35 во своите преговарачки рамки, „додека Албанија ги нема“. Тоа е секако едно уфрлување во рикверц додека се вози по улиците на посебноста. Да споменеме дека тие преговори ретко кога се фер за било кој кандидат од последново столетие! Да речеме Бугарија мораше да ги затвори нуклеарките во Козлодуј „заради старата руска технологија“. Истото како ултиматум го имаше и Словачка, која по ултиматум од Австрија мораше да затвори три нуклеарки на Дунав (иако тие никако не можеа да пречат за земја која е узводно од Братислава) и така оваа држава од најголем извозник на струја во Еврпа стана – најголем увозник! Практично услов за фалименто за економијата на оваа средноевропска земја… А еве сега Грција и става сопка на Албанија која ги има согласностите од 25 еврипски земји да продолжи сама на патот за Брисел! Толку од  аргументите на Ѓорчев за „ферката“

Во Брисел не заборавале

Неговиот втор изветвен документ од истиот плакар е прашањето – зошто европските претставници сѐ поочигледно избегнуваат да го споменуваат македонскиот јазик? Јасно, „старата дама“ нема друга работа освен да се бави секој појадок со „мацедониште цуштенде“ и да се восхитува на народот кој „во Охрид изградил 365 цркви, по една за секој еден!“.

Е сега тука е, се разбира, договорот со Фронтекс кој Ѓорчев не може да го проголта. Место да го негира тој факт (дека истиот е потпишан/напишан и на македонски јазик) вели со замена на темата дека нашата страна молчела  и се правела недоветна (!) претходно неколку години. Да, како амбасадор би требало да знае дека работите одат во оваа професија „чекор по чекор“ а не постои троскок. Впрочем, тој беше амбасадор во Бугарија а самиот знае каде ја наоѓа маната за лошите односи со соседот ( https://24.mk/details/orchev-za-tv-24-vinata-za-sporot-so-bugarija-e-nasha-zoshto-vlegovme-nepodgotveni-vo-dijalogot) – „ние сме биле неподготвени“. Демек, Бугарија си е Бугарија ама ние сме требале да бидеме помајстори. Политичаров е производ на нашите политички матеници а својата кариера ја градеше со често менување на партиите и, се разбира на – ставовите!

ФРОНТЕКС Документот со оваа органзиација напишан на македонски тешко дека може да се „голтне“ во опозицијата

Постар кадар за уште постари предрасуди

Вториот текст, овој пат авторски, е на некогашниот генерален директор на НИП-от, Панде Колемишевски под наслов „Македонскиот јазик не е признаен во ЕУ“ (https://novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/makedonskiot-jazik-ne-e-priznaen-vo-eu/?fbclid=IwAR1jpy8TBguJtiVzsppZwhztbkaGqVEkPWnFdyH5n15qQVu1FgZZ2lK1RW4).

Текстот е објавен на стартот на месецов, пред хопотетичката одлука во Парламентот за промена на Уставот, со цел да ја распие сликата на владеачката коалиција дека „бугарскиот ултиматум“ не е вредн како аргумент кога нашиот јазик и идентитет ЕУ веќе го има верификувана како засебен. „Вие сте такви какви што се чувствувате“ – велат во Брисел. А Колемишевски?

ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА НИП-от: Се сведе на пишување наменски памфлети

Авторот стартува со реченицата „не би имало културна смисла да се рече дека именуваното трио (што ја води надворешната политика – Ковачевски, Османи, Маричиќ – н.з.) а не само тоа, ја дезинформира сопствената јавност или дека ги лаже своите граѓани, особено Македонците. Поприфатлива би била формулацијата дека нивните тврдења не се точни“. Ова треба да е некаков „попуст“ за споменатите и ним по ова секако ќе им олесни додека го читаат текстот понатаму.

Но, проблем има Колемишевски со својата задача. Најпрвин не може секако да го одбегне договорот со Фронтекс  „Со тој договор, потпишан лани, а ратификуван годинава, е официјално дозволено дел од македонската граница да ја чуваат и странски полицајци за спречување масовни налети од мигранти. Тој не задира во ништо друго поврзано со односите Македонија – ЕУ. Несомнено дека македонската преговарачка страна вложи доста напори и се избори договорот да биде потпишан и на македонски јазик, без фусноти, покрај другите 24 официјални јазици на Унијата. За тој чин доби и честитки од странците. Меѓу нив и од францускиот претседател Макрон, кој подвлече дека со тоа ’се признава македонскиот јазик и целосно се почитува унитарниот карактер на македонскиот идентитет’. Но таа Макронова изјава е само дипломатска бела ракавица, официјално не значи ништо, нема општоевропска вредност“.

Ова е едноставно самовреднување на европските приоритети. Од кога Колемишевски проценува дека прашањето на мигрантите не е од битна важност?! Брзо се заборави онаа врвулица од милиони бегалци кои заминаа на Запад преку нашата земја од кои повеќе од еден милион ги прифати Германија. Заради тој факт една политичка големина како канцеларката Меркел падна на првите наредни изборти, земјата се сврте драматиочно во десно и така натаму. Брегзит во голема мерка е резултат на несолидарноста на Британија со Унијата во време на масовно преселување на народите од Истокот кон Западот!! А да ја споменеме Италија која мораше да прими милиони и милиони бегалци од Африка без голема солидарност од другите членки на ЕУ… Дали за тамошниот политички крем ова прашање не е важно? Германија, Британија, Италија… нели небитни земји со огромни проблеми, гледаат ли тие во тоа прашање таква баналност која не може да се види од страна на авторот на текстот. Па заради таа баналност ЕУ годишно дава по 4 милијарди евра на Турција за да го задржи бранот кој започна од Сирија ама потоа се прошири и на целиот арапски свет плус хималајскиот потконтинет. Какви политички и економски земјотреси се сопреа со постоењето на Фронтекст, додека македонската граница стана вистински фронт, место каде се чуваат вредностите и опстанокот на Унијата. Дури, од објетивни причини таа граница која објективно значи и жртвување на јужниот сосед кој се гуши во налетот на бегалците кои бегаат од Турција кон грчките острови. Не било нитно?! Дребно значење… Не ја одредувало битно позицијата меѓу Македонија и ЕУ?

Во поддршката за празната мисловна рамка на Шампитата во отпорот кон промената на Уставот Колемишевски наоѓа и нов аргумент онаму каде прашањето на македонскиот јазик и Унијата е токму најмалку наклонет кон опозицијата. Тој ја споменува донесената декларација во германскиот Бундестаг, со која се признаваат македонската култура, идентитет и јазик. „И таа има повеќе симболична, а помалку практична вредност. Тие се дел од картотеката на многубројните лицемерни изјави од високи претставници на ЕУ, како и дадените од разни амбасадори. Ваквите изјави се плацебо-пилули да си ја смират својата совест и да ги намалат болните чувства на загрижените Македонци. Во тој кош се и изјавите за јазикот на претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лејен“.

ПРЕС НА ФОН ДЕР ЛАЕН И КОВАЧЕВСКИ Секој чекор на Унијата кон нас се прогласува за „бела ракавица“ врз проблемите

Па да. Нема такви изјави и документи кога се во прашање другите аспиранти. Па тие немаат во своите политички простори опортунист како Мицковски. Ама имаат други проблеми, кои се многу потешки и ги гледаме кај дел од нив подолго од десет години. Впрочем, да не сме им на маката.

Како и да е и Ѓорчев и Колемишевски се решиле да бранат нешто што не може да се брани со никакви рационалсни средства и на тоа мора да им се одаде почит, бидејќи тоа е како некој да ве стави да клечите врз зрна пченка. А впрочем зошто: се брани отпорот кон ЕУ на партијата чија основна валута е инаетот на нивниот лидер. И да ги упропастуваат шансите за опстанок на земјава! Да не вратат многу години назад. Пропуштени се многу „лектири“ (https://360stepeni.mk/makedonskiot-jazik-vo-dokumentite-na-eu-ischezna-vo-2006-se-vraka-vo-2020-godina).

Извор: Цивил Медиа

македонски јазик Марјан Ѓорчев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.