Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој стои зад обидот за атентат на венецуелскиот претседател

2
By Нова ТВ on August 5, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дронови наполнети со експлозив експлодираа во близина на местото на кое венецуелскиот претседател Мадуро држеше говор вчера, но тој и останатите членови на владата останаа неповредени, соопшти венецуелскиот министер за информирање Хорхе Родригез.

„Имаме доказ дека ова беше обид за убиство. Не успеаја. Претседателот Мадуро од нападот излезе неповреден и продолжува со работа“, кажа Родригез.

Како што додаде Родригез, во нападот на Мадуро се повредени седум припадници на Националната гарда.

Претседателот Николас Мадуро тврди дека зад нападот извршен врз него стои неговиот колумбиски колега Хуан Мануел Сантос.

„Денес се обидоа да ме убијат“, кажа Мадуро во интервју за венецуелската радио-телевизија. „Не се сомневам дека името на Хуан Мануел Сантос е зад сето ова“.

Тој тврди и дека зад атентатот стојат и лица кои живеат во САД и кои финансиски го помогнале. „Според првичните резултати од истрагата, повеќе лица кои живеат во САД на Флорида финансиски го поддржале нападот“, кажа Мадуро.

Во меѓувреме се огласи тајното венецуелско движење наречено “Soldados de Franelas” кое ја преземаа одговорноста за обидот за убиство на претседателот Николас Мадуро.

– “Операцијата се состоеше од лет на два дрона кои беа наполнети со експлозив C-4 до претседателската трибина. Снајперистите на почесната гарда успеаја да ги соборат дроновите пред да стигнат до метата. Овој пат тоа не успеа, но само е прашање на време”, напиша групата на својот Твитер профил.

Шпанија, Русија, Турција, како и државите од Латинска Америка денес изнесоа осуда на обидот за атентат врз Николас Мадуро, претседателот на Венецуела.

Шпанското МНР соопшти дека владата во Мадрид осудува секакво политички мотивирано насилство во Венецуела. Мадрид смета дека политичката криза може да се реши на „мирен дмократски начин“.

Осуда дојде и од Москва. „Веруваме дека употреба на терористички методи како дел од политичка борба е целосно неприфатливо, очигледно е дека овие акции имаат за цел да ја дестабилизираат состојбата во земјата по неодамнешниот Конгрес на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела која како приоритет ја наведе рехабилитацијата на  економијата во државата“, се наведува во соопштението на руското МНР

По шпекулациите дека зад овој обид за атентат стојат САД се огласи и официјален Вашинготн.

Вашингтон во никаков контекст не е вмешан во инцидентот што се случи во саботата во Каракас, изјави денеска советникот на Доналд Трамп за национална безбедност, Џон Болтон, на тој начин отфрлајќи, како што претходно направи и Колумбија, каква било вмешаност во инцидентот што претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го нарече обид за атентат.

„Категорично тврдам дека Владата на САД на никаков начин не е вклучена во тој инцидент“, изјави Болтон на „Фокс њуз“.

Николас Мадуро го обвини неговиот колумбиски колега, Хуан Мануел Сантос, како и неименувани платеници од САД дека стојат зад нападот. Други високи државни функционери за инцидентот ја обвинија опозицијата.

„Доколку владата на Венецуела располага со релевантни информации и сака да ги сподели со нас и ако тие навистина упатуваат на евентуална повреда на американското кривично право, ние внимателно ќе ги разгледаме, но во очекување на таквите информации, она на кое навистина треба да се фокусираме е корупцијата и репресијата наметнати од страна на венецуелскиот режим“, посочи Болтон.

Претходно, и колумбиската влада ги отфрли обвинувањата упатени од страна на Мадуро, нарекувајќи ги апсурдни.

„Апсурдно и неосновано е да се каже дека колумбискиот претседател е одговорен за наводниот обид за убиство на претседателот на Венецуела“, изјави колумбиското Министерство за надворешни работи.

Мадуро за т.н. обид за атентат го обвини Сантос, чиј претседателски мандат завршува во вторник.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.