Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коледарските народни обичаи, па и сега престојните василичарски обичаи се вековни, постари и од самата христијанска религија

0
By Marija Todorovska on January 10, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Како научник- етнолог/антрополог ќе кажам дека провидна е намерата на свештените лица да ги откорнат народните верувања и празници (што тие ги нарекуваат погрдно- пагански). Коледарските народни обичаи, па и сега престојните василичарски обичаи се вековни, постари и од самата христијанска религија, така да тоа не му успеало ниту на Византија, ниту на други теократски држави, па нема ни вас да ви успее во секуларна и демократска држава.

Рубин Земон
Ако ми дозволитите да кажам нешто и јас како етнолог за бадниковите поговорки, сега откако празнувањата за Божиќ поминаа:
Легитимно право е на Црквата и родителите да ги воспитуваат своите верници и деца во христијански дух според црковните правила, а во склоп на тоа и да го слават денот на Раѓањето на Исус (кога се родил не бил Христос, па кога веќе се борат за религиозната вистина треба да размислуваат да христијанскиот поздрав да биде „Исус се роди“, а не „Христос се роди“, а за Велигден можи да се користи „Христос воскресе“). Впрочен, верските права и слободи се загарантирани човекови права и тие треба да се почитуваат.
Државните институции и носителите на функциите и јавните овластувања и кои што дозволиле да се загрози секуларниот принцип, ќе мора да се санкционираат. Ако сакаат да продолжат да вршат јавна функција тогаш ќе треба да се дообразуваат што е тоа секуларност, за да продолжат да делуваат и работаат на тоа поле. Во спротивно нека си поднесат одговорности за загрозување на секуларонста во државните институции. Тие мора да останат секуларни.
Како научник- етнолог/антрополог ќе кажам дека провидна е намерата на свештените лица да ги откорнат народните верувања и празници (што тие ги нарекуваат погрдно- пагански). Коледарските народни обичаи, па и сега престојните василичарски обичаи се вековни, постари и од самата христијанска религија, така да тоа не му успеало ниту на Византија, ниту на други теократски држави, па нема ни вас да ви успее во секуларна и демократска држава. Ние како научници знаеме дека голем број на народни верувања и празници што религијата не успеала да ги „откорне“, ги има христијанизирано (како Василица, Ѓурѓовден, Митровден, па и самиот Божиќ, претходно се славел како Ден на непобедливото Сонце, а знаеме и тоа дека според записите Исус во Витхлем се родил во јуни). Впрочем и Богомилството како учење и движење и како реакција на самоволието и „луксузирањето“ на свештенството во IX век, се појави токму од Македонија. Мислам дека таа лекција треба да си ја повторите, за да не ја заборавите.
Како и да е, ќе биде интересно да следиме што ќе се случува во иднина, и како ќе реагираат сега повиканите државни институции.
Од Фејсбук ѕидот на авторот
Божиќ василица етнолог Коледе обичаи Рубин Земон Традиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.