Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колегите на судијата Нанев за „Палермо“: Одете на фудбал, ама не го компромитирајте судството

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mkd.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судија може да посетува спортски натпревари, под еднакви услови како и за секој друг граѓанин или член на спортски здруженија и асоцијации, но не треба да создава услови за компромитирање на независноста, непристрасноста и угледот на судскиот систем.

Ова е мислењето на Советодавно тело за судиска етика при Здружението на судиите кое неделава одржало седница, а се очекува да даде и пошироко образложение, откако неодамна Судскиот совет најави дека за случајот „Палермо“  ќе се изјасни советот за етика  по реакциите за судијата и претседателот на судот во Кавадарци Лазар Нанев кој заедно со обвинителката Фатиме Фетаи и министерот за правда Никола Тупанчевски присуствуваа на фудбалските натпревари на македонската репрезентација во Палермо и Порто. Судскиот совет исто така најави дека координаторот за Основниот суд во Кавадарци ќе стапи во контакт со судијата Нанев во врска со неговото патување на фудбалските натпревари, но досега таков контакт не е направен и не е земена изјава од судијата.

Неофицијално, како што објавивме претходно, судијата авионските летови до Палермо и до Порто ги примил како подарок од ФФМ, тој не злоупотребил пари од судскиот буџет, а подарокот не е поврзан со судски предмет во кој е инволвиран судијата или оној кој чести. Во овој контекст се споменуваше и тоа дека Нанев е поранешен член на Управниот одбор на ФФМ кој со години наназад не само што присуствувал на фудбалските натпревари на македонската репрезентација на кои редовно имало резервирано места и за други судии и функционери, туку и учествувал во нивната организација. Ако судијата не злоупотребил пари од судскиот буџет, ако престојот во хотелот сам си го платил и ако земал денови од својот годишен одмор кој законски му следува, тогаш како што велат упатените, нема случај кој може да му се стави на товар на Нанев.

Советодавно тело за судиска етика, пак, понатаму објаснува дека судијата, како и секој друг граѓанин, има право на здружување што вклучува и право да членува во спортски здруженија и асоцијации, но при остварување на овие права, секогаш треба да се однесува на начин со кој треба да се зачува и да не се прекршува принципот на интегритет и судир на интереси во вршењето на судиската функција.

Ако следењето спортски натпревари, судијата, односно судијата – поротник го остварува под поповолни услови од условите како и за секој друг граѓанин или член на спортски здруженија и асоцијации, со користење на одредени погодности како што е обезбедување „бесплатен билет„ и друго, таквото прифаќање преставува повреда на основните и општите принципи (интегритет и судир на интереси), предвидени во Кодексот за етика на судии/судии поротници, само во случај:

– ако е поврзано во вршењето на судската функција,

– создава перцепција на несоодветно влијание;

– предизвикува креирање реципроцитет, односно чувство на обврска кај примателот на погодноста да возврати на одреден начин на давателот на погодноста;

– влијае на создавање на култура на општо прифатливо однесување;

– создава услови за компромитирање на независноста, непристрасноста и угледот на судскиот систем, се вели во мислењето на Здружението на судии.

С.М.

 

Здружение на судии Кодекс за етика нанев судија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.