Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колегите од “Фокус” за Никола Младенов

0
By Нова ТВ on March 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

In Memoriam – НИКОЛА МЛАДЕНОВ 1964-2013

Во сиве овие 20 години Младенов опстојуваше на своите ставови, наметнувајќи го неделниот весник како медиум кој врз пазарни принципи се бори за својот углед и опстанок. Тој беше човек со идеја, проекција, визија.

Поч­ну­вај­ќи ка­ко на­де­жен млад актер, Ни­ко­ла Мла­де­нов ја пре­на­со­чу­ва сво­ја­та ам­би­ци­ја и кон сре­ди­на­та на 1980-ти­те поч­ну­ва со ра­бо­та ка­ко но­ви­нар во „Млад бо­рец“. Тој е еден од лу­ѓе­то што ги во­ве­де плу­ра­ли­стич­ки­те пра­ви­ла во ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво, за­ед­но со сво­ја­та еки­па во „Млад бо­рец“. Пр­во поч­на ка­ко но­ви­нар, па за­ме­ник на глав­ни­от уред­ник и кон кра­јот на 1980-ти­те ста­ну­ва гла­вен уред­ник. „Млад бо­рец“ бе­ше пред­вес­ник на но­ви­нар­ска­та про­лет во Ма­ке­до­ни­ја.

Не­го­ви­те ко­ле­ги че­сто зна­е­ја да ка­жат де­ка тој е тво­ре­цот на ма­ке­дон­ска­та про­лет – си­те про­ме­ни во од­нос на плу­ра­лиз­мот и си­те твор­би во ко­рист на де­мо­крат­ски­те про­це­си во зем­ја­ва би­ле по­кре­на­ти ток­му пре­ку овој вес­ник, де­ло на Мла­де­нов.

По „Млад бо­рец“ тој го ос­но­ва ра­ди­о­то „Ли­бер­тас“, а на­бр­гу, во 1995 го­ди­на поч­ну­ва со из­да­ва­ње­то на не­дел­ни­от вес­ник „Фо­кус“, ка­ко прв сло­бо­ден и не­за­ви­сен не­де­лен вес­ник во Ма­ке­до­ни­ја.

Со ло­го­то „Не­дел­ник на вна­треш­ни­от, а, бо­га­ми, и над­во­реш­ни­от не­при­ја­тел“, „Фо­кус“, под водс­тво на Мла­де­нов ста­ну­ва еден од глав­ни­те стол­бо­ви на но­во­то ма­ке­дон­ско оп­штес­тво. Мла­де­нов го гра­де­ше брен­дот на „Фо­кус“ це­ли 20 го­ди­ни, ре­чи­си ед­на по­ло­ви­на од не­го­ви­от жи­во­тен век, соз­да­вај­ќи ме­ди­ум во ко­ја нај­важ­на бе­ше реч­та на сло­бод­ни­от го­вор, сло­бо­да­та бе­ше им­пе­ра­ти­вот на не­го­ви­те на­пи­си.

Пре­ку „Млад бо­рец“, а по­тоа и пре­ку „Фо­кус“, тој во­ве­де комп­лет­но но­ви пра­ви­ла во но­ви­нарс­тво­то – сло­бо­да­та, без раз­ли­ка на сѐ! Се­то она што поч­на пре­ку „Млад бо­рец“, бе­ше про­дол­же­но во „Фо­кус“ – не­дел­ни­от вес­ник теж­не­е­ше кон ре­во­лу­ци­о­нер­но­то но­ви­нарс­тво, кон сло­бо­да, кон кри­тич­ка мис­ла за се­то она што тре­ба да би­де кри­ти­ку­ва­но.

Мла­де­нов не тр­пе­ше да ра­бо­ти на­ра­ча­ни тек­сто­ви од цен­три­те на моќ, за­ла­гај­ќи се за ви­сти­на­та ка­ко клу­чен еле­мент на но­ви­нар­ска­та ра­бо­та. Во си­ве овие 20 го­ди­ни Мла­де­нов оп­сто­ју­ва­ше на сво­и­те ста­во­ви, на­мет­ну­вај­ќи го не­дел­ни­от вес­ник ка­ко ме­ди­ум кој врз па­зар­ни прин­ци­пи се бо­ри за сво­јот уг­лед и оп­ста­нок.

Тој бе­ше чо­век со иде­ја, про­ек­ци­ја, ви­зи­ја.

Овие збо­ро­ви за Мла­де­нов се су­шти­на­та на не­го­во­то би­ти­су­ва­ње, бе­ше хра­бар и бе­ском­про­ми­сен, се­ко­гаш ко­га ја кри­ти­ку­ва­ше ра­бо­та­та на ко­ја би­ло власт и оп­штес­тве­на по­ја­ва.

При пр­ви­те ин­терв­јуа со но­ви­на­ри­те, клуч­ни­те збо­ро­ви му беа – „Ние сме опо­зи­ци­ја и кри­ти­ча­ри кон се­ко­ја власт, не ме ин­те­ре­си­ра ко­ја е!“. Во стро­го­ста на не­го­ви­те на­пи­си се­ко­гаш се гле­да­ше не­го­ва­та до­бро­на­мер­ност и жел­ба за про­ме­ни кон по­до­бро на ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво.

Не бе­ше дог­ма­ти­чар, ги при­фа­ќа­ше ар­гу­мен­ти­те и ста­во­ви­те на дру­ги­те, се­ко­гаш ко­га тие беа ар­гу­мен­ти­ра­ни и ви­стин­ски.

Во „Фо­кус“, со водс­тво на Мла­де­нов во овие 20 го­ди­ни ми­наа ре­чи­си си­те глав­ни пер­а на ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво. Мла­де­нов од „Фо­кус“ ус­пеа да на­пра­ви ме­ди­ум­ски по­ли­гон за де­ба­та на раз­лич­ни по­ли­тич­ки, оп­штес­тве­ни кул­тур­ни и исто­ри­ски гле­ди­шта.

Се­ко­гаш отво­рен за раз­го­вор, не­го­ва­та мис­ла не за­ста­ну­ва­ше во ни­е­ден мо­мент, се­ко­гаш ве­ле­ше, „да не се вр­ти­ме на­зад, ту­ку да гле­да­ме на­пред“, ве­ру­вај­ќи де­ка тоа што го пра­ви е ис­прав­но. Тоа бе­ше единс­тве­на­та не­го­ва дог­ма, „ра­бо­там за тоа што е ви­сти­на, за прав­да­та“. Тоа беа единс­тве­ни­те точ­ки за кои не са­ка­ше да ди­ску­ти­ра.

Ве­ру­ва­ше и зна­е­ше де­ка оди по ви­стин­ски­от пат.

А, тој пат бе­ше со мно­гу преч­ки, со соп­ки, од си­те стра­ни. Мла­де­нов не бе­ше кон­фор­мист кој ќе се сог­ла­се­ше на ком­про­мис, кој не­му ќе му обез­бе­ди по­у­до­бен жи­вот. На­про­тив. Сме­та­ше де­ка ра­бо­ти за по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја, за по­ква­ли­тет­но но­ви­нарс­тво, за пос­ло­бод­но оп­штес­тво. Са­мо во тоа ни­кој не мо­же­ше да го раз­у­бе­ди.

Не­гов сон бе­ше да соз­да­де дне­вен вес­ник „Фо­кус“, во што ус­пеа ле­ги­ти­ми­рај­ќи го сво­јот 30-го­ди­шен ра­бо­тен век со про­из­вод кој го на­мет­на ка­ко де­мо­крат­ски им­пе­ра­тив. Днев­ни­от вес­ник „Фо­кус“ бе­ше уште еден про­зо­рец кој Мла­де­нов го отво­ри, за да го ра­ши­ри сво­јот, ви­до­кру­гот на лу­ѓе­то со кои ра­бо­те­ше и на не­го­ви­те број­ни чи­та­те­ли.

_______________________________________________________________
Ни­ко­ла Мла­де­нов е ро­ден на 10 март 1964 го­ди­на во Скоп­је. Тој е но­ви­нар што се афир­ми­ра во пер­и­о­дот на рас­па­ѓа­ње­то на СФРЈ, ка­ко гла­вен и од­го­во­рен уред­ник на „Млад бо­рец“, ор­ган на ССММ, кој ги отво­ри сво­и­те стра­ни­ци за те­ми и лич­но­сти што би­ле во не­фор­мал­на­та „цр­на ли­ста“ во ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво. Ра­скр­сту­ва­ње­то со авто­цен­зу­ра­та во ме­ди­у­ми­те и отво­ре­но­то со­о­чу­ва­ње се де­це­ни­ски­те гре­во­ви на ко­му­ни­стич­ка­та но­менк­ла­ту­ра му до­не­су­ва­ат на „Млад бо­рец“ уг­лед на пред­вод­ник на де­мо­крат­ски­те про­це­си во СРМ. Во 1995 го­ди­на Мла­де­нов го ос­но­ва „Фо­кус“, вли­ја­те­лен ин­фор­ма­тив­но-по­ли­тич­ки сед­мич­ник во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.
(Из­ва­док од ен­цик­ло­пе­ди­ја­та на МА­НУ)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.