Пишува Љубиша Јоциќ, Јужне вести, Србија
Начинот на известување за „случајот Савамала“ е во директна врска со тиражот, видот и уредувачката политика на дневниот весник – покажува истражувањето на организацијата Civil Rights Defenders. Колку тиражот е поголем, толку известувањето на медиумот е попристрасно, објективноста помала, а критиката кон власта најмала, тврдат авторите на истражувањето.
-За случувањата кои се случиле ноќта помеѓу 24 и 25 април 2016 година, по парламентарните избори, кога неколку личности маскирани со фантомки буквално ги врзале граѓаните, а потоа булдожери урнаа повеќе објекти во центарот на Белград, шест дневни весници во Србија известуваа прилично нееднакво и со опаѓачки интерес, иако сторителите на рушењето на објектите на Херцеговачката улица не се откриени, а одговорноста не е утврдена, наведува авторката на истражувањето Снежана Миливојевиќ, професорка на Факултетот за политички науки во Белград.
Во тематска смисла, интересно е како е фокусиранo известувањето. Во 75 отсто од текстовите што ги анализиравме, Савамала беше клучна тема, а во една третина само спомената. Но, темите кои беа изготвени беа наменети само за рушењето, повик за одговорност, активности на власта во врска со настаните, активностите на иницијативата “Не давимо Београд” и политичка употреба на случајот. Најзастапено беше повикување на одговорност. За повеќето весници, тоа барање доаѓа од самите претставници на власта и на тој начин се создава привид на критика и се дава на власта можност “да се испере” и да се стави во позиција да бара одговорност – рече Снежана Миливојевиќ.
Тоа особено се случило, додава Милојевиќ, кога на почетокот на мај, тогашниот премиер Александар Вучиќ излезе и рече дека „Савамала ја срушиле комплетни идиоти и дека наскоро ќе се востанови одговорност“.
Повисоките нивоа на власт бараат од пониските нивоа на власт одговорност, и самите преземаат улога на критичар. Најголемиот дел од медиумите ја презеде таа „критичност“ – истакнува авторката на истражувањето.
Во периодот од 25 април 2016 година до 25 април 2017 анализирани се известувањата на весниците Блиц, Вечерни новости, Денес, Информер, Курир и Политика, за случајот Савамала.
Бројот на текстови и обемот на известување упатува на тоа кој се трудел да ја одржи темата актуелна, дури и кога на власта и било важно за темата Савамала да не се разговара, а кој ја тривијализирал темата и избегнувал да пишува за неа, а друи и кога пишувал, тоа го правел на многу специјализиран начин – додава Снежана Миливојевиќ.
Истражувањето покажа дека 40 отсто од актерите во сите текстови се тогашниот премиер Александар Вучиќ, градоначалникот на Белград Синиша Мали и министерот за полиција Небојша Стефановиќ, потоа органите задолжени за истрага, а околу 40 отсто од актерите се активисти на иницијативата „Не давимо Београд“, независни институции, невладиниот сектор, граѓани и, јавни личности.
Драган Ѓорѓевиќ, координатор на CHRIS мрежата на борци за човекови права, смета дека „иако Савамала е локален случај, ова е еден тест што се уште можеме“.
Тогаш започна распределба на влијание и тоа е национална тема, пред се, од агол уништување на правндата држава, владеењето на правото кога некој два часа во центарот на главниот град ја суспендира правната држава, кој знае што моеже да очекуваме на локално ниво. Кој знае колку „Савамали“ има во другите градови – рече Ѓорѓевиќ.
Според податоците од извештајот, случувањата кои се составен дел на тој случај Савамала, биле тема на вкупно 706 прилози во сите шест весници, а во уште 527 текстови случајот бил само споменат.
“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

