Од локалните избори најмногу заработила телевизија Алфа 11 807 328 денари. Најмногу пари во рекламната кампања во оваа телевизија дале ВМРО ДПМНЕ, 10 483 755 денари, но затоа пак телевизијата им отстапила 17 часа и 59 минути простор за снимките од нивните митинзи.
Опозиционата СДСМ во оваа телевизија за рекламната капања дала 994 148 денари се вели во извешетајот на „Транспарентност Интернешнел Македонија“ кој мониторнгот на медиумското рекламирање на политичките партии се од анализиите спроведени од агенцијата „Нилсен“Скопје.
На второ место по заработени средства од изборите е телевизија Алсат-М со 9 617 616 денари.
ДУИ Во оваа телевизија за изборите вложила 7 034 616 денари, а СДСМ- 2 583 000. За рекламен простор за нивните партиските митинзи телевизијата одвоила два часа и 20 минути.
Веднаш по овие телевизии со најмногу заработени средства од локалните избори се Канал 5 и Сител, додека МРТВ спред законот е задолжена да емитува платена политичка програма.