Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку заработуваат Четниците кои се борат во Украина

0
By Нова ТВ on August 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Кучиња на војната“ така се нарекуваат српските доброволци кои се борат на страната проруските сили во Украина. Наводно станува збор за доброволци од четничкото движење „Јован Шевиќ“, а како што дознава Телеграф платени се околу 2.000 долари неделно.

Меѓутоа дел од нив за нешто повеќе пари, односно 3.000 долари неделно, војуваат на страната на украинската војска. Во нивите договори е наведено дека во случај на загинување парите ќе му бидат исплатени на семеството.

За српските доброволци министерот Ивица Дачиќ предупреди дека ги има и во Сирија и во Ирак. Во Украина во моментот се сто Срби. Во борбите учествуваат 45 припадници на четничкото движење, 20 доброволци, како и 20 или 30 Срби или лица со српско потекло кои порано живееле во Украина.

Минатата недела проруските борци заробија двајца српски платеници кои со месеци се бореле на страната на Киев. Предадени им се во Москва на руските разузнавачи.

Српската влада смета дека учеството на овие војници во воените и паравоените војски на други држави му нанесува штета на угледот на државата.

Србите кои учествуваат во вооружените судири низ светот (Украина, Русија, Сирија…) ќе бидат строго казнети, согласно измените за Кривичниот закон кој ќе биде усвоен на есен.

„Оние кои врбуваат граѓани и организираат нивно заминување на странските војувалишта ќе бидат казнети од две до 12 години затвор, додека поединци кои сами ќе се приклучат на воените и паравоените сили во светот ќе бидат казнети со една до пет години затвор.

– Исто така учесниците кои ќе откријат платеници и на тој начин ќе спречат извршување на кривично дело ќе можат да добијат ослободителна казна. Овие законски измени очекуваме да заживеат на есен“, изјави за Блиц, потпетседателот на српската влада, Расим Љајиќ.

Капката која ја прелеа чашата и го забрза донесувањето на законските измени е појавата на група мажи кои себе си се нарекуваат четнички одред „Јован Шевиќ“, кои војуваат на страната на прорусите сепаратисти во Украина и јавно се фалат дека убиваат Украинци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.