Катерина Колозова, извршна директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во својот фејсбук статус ја истакнува потребата од вршење на вистинска и целосна, а не делумна проверка на фактите, поттикната од реакциите по последното интервју на премиерот Заев за бугарската БГнес:
– Се одморив.
ПОД ЕДЕН, тест за вашата сопствена фашизоидност. Како звучи следново: „Германија не е нацизам. Германија е пријателска земја.“ И како звучи „Германија е нацизам, Германија е непријателска земја“? Сега, заменете „Германија“ со „Бугарија“.
ПОД ДВА: И сега вака – БЕЗ ЛАЖЕЊЕ, никаде немаше негација на фашистичката ИСТОРИЈА на Бугарија. Лажете – не негираше историја. Формулацијата е во сегашно време. Вистиномери? Да проверевте нешто? Да наведевте цитати?, пишува Колозова.