Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Kомандата на Бригадата за југоисточна Европа од денеска во Куманово

0
By Нова ТВ on August 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод отпочнувањето со работа на Kомандата за југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) во Република Северна Македонија.

На настанот е најавено присуство на претседателот на државата, Стево Пендаровски, на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на председавачот на процесот СЕДМ, Петро Кочи, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадори, заменици на министрите за одбрана, замениците на генералштабовите и воените аташеи на земјите учеснички во бригадата и градоначалникот на Куманово.

По обраќањето на министерката Шекеринска и председавачот на процесот СЕДМ, Кочи, ќе следува примопредавање на должноста командант на бригадата меѓу досегашниот командант, бригаден генерал Тудорика Петраче и бригадниот генерал, Аристедеис Илиопулос, како и свечено отворање на реновираниот и опремен објект во касарната кој ќе биде седиште на штабот на бригадата во периодот 2020-2026 година.

Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година врз основа на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година во Скопје го потпишаа министрите за одбрана на Албанија, на Бугарија, на Грција, на Италија, на Северна Македонија, на Романија и на Турција. Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на Командата на СЕЕБРИГ е на ротациона основа, а нејзини домаќини досега беа Пловдив, Констанца, Истанбул и Лариса.

Единиците кои се назначени во Бригадата остануваат на своите постојани домашни базични локации и се обврзани со принципот на наменски сили за вежби и операции по одлука на земјите учеснички и соодветната директива од Политичко-воениот управен комитет (ПВУК).

Позицијата Командант на СЕЕБРИГ ротира помеѓу земјите учеснички на тригодишен период. Во период од 2011-2013 година Командант на бригадата беше бригадниот генерал Здравко Поповски од Армијата на Република Северна Македонија.

Бригада за Југоисточна Европа Команда Куманово Македонија седиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.