Битолската полиција приведе командир на шумската полиција поради постоење сомневае дека примал поткуп.
СВР-Битола до надлежното обвинителство поднесе поднесе кривична пријава против лицето Л.Ј. (46) постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.
-На 26 октомври околу 13:50 часот во просториите на Основен суд Битола, Л.Ј. е лишен од слобода веднаш откако примил поткуп од пријавителот. Извршен е личен претрес и кај него се пронајдени 10 банкноти во апоени од 2000 денари, кои претходно од страна на ПС од СВР Битола беа фотографирани и документирани. Од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Битола на Л.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, изјави денеска портпатолот на МВР Тони Ангеловски.
Од МВР соопштија дека Л.Ј. од 8 октомври во повеќе наврати побарал поткуп од лице од Демир Хисар, против кое од страна на пријавениот во својство на службено лице командир на шумска полиција – Битола е поднесена прекршочна пријава по чл.69 од Закон за шуми.
Прво побарал поткуп од осумнаесет метри кубни дрва или 40.000 денари пари, а подоцна и 30.000 денари пари, ветувајќидека ќе ја отфрли пријавата на судењето закажано за 26 октомври.
На 19 октомври лицето од кое се барал поткупот го пријавило настанот во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, за што веднаш е известено ОЈО Битола и преземени се соодветни мерки и активности.