Двајца командири на гранична полиција и неколку полициски службеници беа уапсени во вчерашната голема полициска акција во западна Македонија, наречена „Милка“.
Тие се приведени под сомнение за нелегално криумчарење добиток од Македонија за Албанија. Се претпоставува дека лицата оствариле противправна имотна корист од неколку милиони евра.
Во вчерашната акција биле звршени се претреси во повеќе домови, при што се пронајдени пари, оружје и муниција, соопшти МВР.