Утре во 11 часот во киното Фросина редакција на дневниот весник „Фокус“ ќе одржи комеморација за Никола Младенов, основач на дневниот и неделниот весник „Фокус“.
Последен поздрав до новинарот и еден од доајените на македонското независно новинарство семејството, пријателите и колегите ќе можат да упатат во 13:30 часот во капелата на градските гробишта “Бутел”. Погребот ќе се одржи во 14:30 часот.