Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комеморативно одбележување на 27 Јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот

0
By Mirjana on January 26, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– „Во тешки времиња како што се овие: идеалите, соништата и негуваните надежи се издигнуваат во нас само за да бидат уништени од мрачната реалност. Навистина е чудо што не ги отфрлив сите мои идеали бидејќи изгледаат толку апсурдни и невозможни да се спроведат. Сепак, ги чувам, бидејќи и покрај сè, верувам дека луѓето се навистина добри во срцето“ – напиша брилијантното девојче Ана Франк.

Нејзините моќни зборови понудија утеха и храброст на милиони луѓе кои живеат во услови на војна, насилство, фанатизам и страв.

Невиноста, храброста и надежта испишани во Дневникот ни предизвикуваат морници, но, и децении подоцна, се и наша утеха – истакна денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на комеморативното одбележување на 27 Јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, што се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот – Скопје.

Костадиновска-Стојчевска потсети дека секоја година го одбележуваме 11 Март, денот кога кога 7 144 македонски евреи беа депортирани од окупаторските фашистички сили со возовите на смртта.

– Северна Македонија ги помни жртвите на холокаустот и ги чува сеќавањата и во овој, исклучително важен, Меморијален центар – рече Костадиновска-Стојчевска. Министерката за култура потсети дека Министерството за култура учествува во заедничкиот проект „Образование за холокаустот и меѓукултурното разбирање во Југоисточна Европа: обновување на ексјугословенскиот павилјон во Аушвиц“, координиран од Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Венеција. Проектот е, всушност, обновување на изложбениот простор на Блок 17 во Аушвиц и креирање заедничка постојана изложба за холокаустот.

Домаќин на денешното комеморативно одбележување беше заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, a пред присутните се одбратија и: министерот за дијаспора на Државата Израел, Нахман Шаи; претседателката на Собранието на Еврејската заедница во земјава, Радојка Хелман-Денковска; амбасадорот на Грција во својство на земја претседавач со ИХРА, Русос Кондурос; заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД, Ерик Мејер; и координаторката на Европската комисија за борба против антисемитизмот и унапредување на еврејскиот живот, Катарина фон Шнурбеин.

Беше организирана и панел-дискусија на тема „РС Македонија – 35-та членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА): активности и мерки во борбата против искривоколчувањето на холокаустот и антисемитизмот и улогата на ИХРА во овие области“.

годишнина Холокауст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.