Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комеморација за Ванчо Петрушевски

0
By Нова ТВ on August 27, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Dенеска во 10 часот во Драмскиот театар Скопје ќе се одржи Комеморација за актерот Ванчо Петрушевски, кој завчера несреќно го загуби животот.

– Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму во Драмски театар уште од 1975 година и остави безброј актерски остварувања, наведе во известувањата за комеморацијата Драмски театар Скопје.

Петрушевски е роден на 19 април 1951 година во Скопје. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во 1975 година. Оттогаш како актер работи во Драмскиот театар во Скопје, се до неговото пензионирање во 2017 година.

– Со успех настапувал во повеќе улоги во претстави од домашни и странски автори и секојпат покажува духовити поединости кои им даваат на неговите ликови карактеристични движења и гримаси. Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност во изразот како виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени театарските гледачи, со што тие стануваат негови обожаватели. Со мангупска комика, непрекинато концентриран, играта успева да ја префрли преку рампата до гледалиштето, со што Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на исклучителни актери, потенцираат од Драмски театар.

За Петрушевски критиката пишува во суперлативи „… Суфлерот во Лебедова песна многу суптилно го обојува својот лик со хумор, со што уште повеќе ја покажува својата природа на сенка-човек. Исто толку несреќен колку големиот актер…“.

„… Многу значајно место во севкупната поставеност на дејството има играта на Ванчо Петрушевски, како Човекот со ѓеврек и Човекот со лузна. Со лежерно мајсторство, неговите појави на сцената точно ги лоцираат идеите на режисерот Владимир Милчин за пресметка со мракот, мачнината. Тежината на поттикот е да се оди докрај, до безизлезот, да се биде на сечилото на ножот, на кое се води пресметката со мракот/мачнината, Да се чуе крикот на оние чија адреса е улицата… (Марисол).

Ванчо Петрушевски беше активен на повеќе полиња и надвор од театарот, како водител на кулинарско шоу, снимаше филмови, а негова пасија беше и сликарството. Тој е еден од творците на серијата Македонски народни приказни. Многу генерации го препознаваат по ликот на Рамче. Воедное е и еден од првите Македонци  кои настапиле во странски филм. Кај нас го снимил филмот „Досие КА“ по негово сценарио и продуцентство, а истовремено ја толкувал и главната улога.

На сцената на Драмскиот театар настапувал во повеќе претстави меѓу кои се: Ослободувањето на Скопје, Солунски патрдии, Панургиј, Чудото на свети Ѓорѓија, Сомнително лице, Мачорот Мики Траси и Џингин Кан, Полнета птица, Дупло дно, Коприварник, Ноќ спроти Водици, Собирен центар, Чија си, Женски оркестар, Грев или шприцер, Харем, Маратонците го трчаат почесниот круг, Зоолошка приказна, Сега му е мајката, Вујко Вања, Словенскиот ковчег, Платонов, Земјомерот, Сонот на летната ноќ, Тетовирани души,  Марисол, Хамлет од Долно Гаштани, Македонски рулет, Лебедова песна,  Баал, Живот во тесни чевли, Буре барут, Атена со пенис од Александар Русјаков, режисер Синиша Евтимов.

Ванчо Петрушевски настапувал на сцените на Македонскиот народен тератар, народните театри во Штип и Велес.

Добитник е наградите „Димче Трајковски“ за улогата Јаков во претставата „Дупло дно“ (1985 година за актерско остварување на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Јанко во претставата „Собирен центар“ (1989 год.).

Во 1987 година, Ванчо Петрушевски го доби признанието за најпопуларно ТВ лице на годината според гласовите на читателите на весникот „Вечер“, а во 1988 година, според анкетата на ревијата „Екран“ е добитник на наградата „Најдобро артистичко остварување во филмот и на телевизијата.

Според извештајот од полицијата, Петрушевски починал од струен удар додека работел качен на метална скала со електричен заварувач.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.