Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата на чело со Аспазија Софијанова одлучила Тамара да не оди странство

0
By Менче Атанасова Точи on February 10, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Малата Тамара требаше да замине во странство и тоа во специјална здравствена установа бидејќи станува збор за тешка патологија и не може секој лекар да ја направи операцијата. Ова за НОВА го изјави Илир Хасани еден од ортопедските хирурзи кои е потпишан на конзилијарното мислење, но и член на првостепената комисија во Фондот за здравство.

Хасани потенцира дека сколиозата како дијагноза не е итна за лекување, но последиците од неа доколку е во потешка форма може да бидат кардиоваскуларни или белодробни.

„Изгубено е време, требало што побрзо се оперира. Станува збор за прогресивна сколиоза која прави инсуфициенција на срцето и градната шуплина. Јас дадов мислење дека треба да да се забрза постапката“, изјави за НОВА доктор Хасани.

Тој рече дека случајот зависел од администрацијата и турскиот тим од лекари кои требало да се состанат да ја закажат операцијата. Хасани предупреди дека уште едно седумгодишно девојче со тешка форма на болеста чека да добие одобрение за лекување во странство.

„Малата Кенза има само седум години, а веќе има шест операции на рбетот. И двата случаи ќе ги носиме на совест доколку не биде пратена на операција во странство“, потенцира Хасани.

Но, она што е индикативно во случајот е како е можно лекар кој дал конзилијарно мислење од клиниката, да биде член и на комисијата која го одбила мислењето за лекување на девојчето во странство. По ова се поставува прашањето кој всушност одлучува кој од пациентите ќе се лекува во странство, а кој не.

Уште поголема контрадикторност содржи и Решението на Второстепената комисија на Фондот која ја одбила жалбата за лекување во странство на Тамара како неоснована, иако лекарскиот конзилиум од Клиниката за ортопедија дал мислење дека девојчето треба да се лекува во странство бидејќи на Клиниката нема можност да се изврши оваа операција.

Во Второстепената лекарска комисија чиј претседавач е доктор Аспазија Софијанова, актуелна директорка на детската клиника, не го прифатиле мислењето на своите колеги ортопеди и одговориле дека не се исцрпени можностите за лекување во Македонија, односно дека„лекувањето има можност да се изврши на Клиниката за ортопедија, трауматологија,анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Комисијата решението го донела на 30. 10. 2014 година, по што семејството ги алармираше медиумите. Под притисок на медиумите министерот Тодоров вети дека ќе се изнајде решение, но само усно, на ветување.

НОВА ги поседува документите од кои се гледа дека конечната одлука на комисијата на Фондот е Тамара да биде одбиена да се оперира во странство.



Доктор Аспазија Софијанова не се појави во јавноста откако почина девојчето да објасни зошто Комисијата на чие чело се наоѓа донела таква одлука.

Во меѓувреме, одговорните во Фондот и министерот Тодоров се изјаснија дека не се чувствуваат одговорни за смртта на малата Тамара. Обвинителството во Велес, сепак одлучи да покрене постапка по допрен глас, без никој да го пријави случајот. Токму на барање на Обвинителството е извршена обдукција телото на малата Тамара, а со согласност на родителите кои првично се противеа на тоа.

„Судската обдукација е направена по барање на Јавниот обвинител од Велес, регистрирани се малформациите, а резултатите од хистопатолошките анализи се очекува да бидат готови за 10-тина дена“, потврдија за НОВА, во Институтот за судска медицина.

Случајот со деветгодишната Тамара низ лавиринтите на институциите се влечкаше цели три години. За него пошироката јавност дозна во последните три месеци, кога речиси сите медиуми почнаа да известуваат, а се организираа и хуманитарни концерти.

Сумата која требаше да се плати за операција изнесува 30 000 евра. Кога конечно требаше да се договори датум за операција во Турција, малата Тамара почина. Деветгодишната Тамара денеска е погребана на градските гробишта во Велес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.