Денеска во Клубот на пратеници, по вчерашното конститурирање, треба да се утврди деловникот за работа на Комисијата која треба да ги разгледа случувањата на 24 декември во и пред Собранието.
Претседателот на Комисијата во вчерашната конститутивна седница изјави дека постои волја кај политичките партии да се расчистат случувањата.
„Има голема волја и кај едните и кај другите, мислам дека особено кога и политичките партии застанаа зад мене како декан на Правниот факултет со некое правно искуство значи ми веруваат и сакаат да се излезе и да се најде решение и мислам дека тоа е добар знак“, изјави Давитковски.
Формирањето на Комисијата е еден од условите од договорот меѓу претставниците на Европската унија со власта и опозицијата во Македонија, постигнат на 1 март годинава, со цел да се надмине политичката криза.