Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Концерт македонскиот тенор Благој Нацоски во Џенова

0
By Нова ТВ on July 15, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под името “Седум песни од светлина и прав” македонскиот тенор Благој Нацоски ќе одржи концерт во монденскиот локалитет Санта Маргерита Лигуре (вила Дурацо) во Џенова во вторник (21 часот), како дел од италијанско-македонската вечер посветена на 20-годишнината од воспоставување на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Италијанската Република.

Во својство на Амбасадор на Културата на Македонија тој е и коорганизатор на концертот кој е дел од програмата за меѓународна афирмација на Министерството за Култура за 2014 година. Иако официјално Италија ја призна независноста на РМ во 1993, италијанската амбасада во Скопје е отворена во 1994 година. Периодот на одржување на концертот е неслучајно избран токму овој месец, односно на почетокот на италијанското претседателство со Европската Комисија.

Нацоски за овој настан нарача да се напише и специјално дело од композиторот Анџело Инглезе, на стихови од Никола Маџиров. Се работи за циклус од седум песни на Маџиров, претворени во музика и тоа за камерен состав: два гласа, кларинет, виолина, виолончело и пијано. Циклусот кој трае триесетина минути ќе биде изведен, се разбира, на македонски јазик, и е наречен токму “Седум песни од светлина и прав”.

Во останатиот дел од програмата ќе бидат изведени и италијански дела од дваесетиот век, како и македонски дела од Прокопиев, Фирфов и Зографски (по повод 80год. од неговото раѓање). Македонските дела ќе ги изведат гости на Нацоски, а ќе настапат Адријана Јоција – сопран, Луиџи Скифано – контратенор, Елена Бакјарело – кларинет, Константин Чобану – виолина, Џакомо Бјаџи – виолончело и самиот композитор Анџело Инглезе на пијано. Концертот беше најавен и на националната ТВ Раи 3 каде гостуваше нашиот тенор.

„Како што ветив пред неколку дека барем еднаш годишно ќе одржувам концерт во Италија или во други земји изведувајќи македонски автори, а овој концерт има и два новитета. Имено, ќе се изведе дело на македонски јазик, но од странски автор, и вториот новитет е што македонските арии ќе ги пејат мои колеги италијанци. Во македонскиот дел од програмата неслучајно ставив и дело од Томислав Зографски, како еден омаж кон него по повод 80-годишнината од неговото раѓање. Го избрав регионот Лигурија овој пат, односно Џенова, поради фактот што во овој дел на Италија живеат само неколку македонски иселеници и малку се знае за Македонија, а градот претставува едно од најважните пристаништа во Европа и е крстосница на многу туристи, но и изобилува со културна традиција”, вели Нацоски.

По овој концерт Нацоски ја продолжува својата меѓународна солистичка активност со
доста набиена агенда. Најпрвин кон крајот во август ќе дебитира во Прага, по што ќе
следуваат настапи во Бангкок, Пиза, Трст, Токио, Монтевидео, Амстердам.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.