Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кондаминас ги сокрил вмешаните Македонци во Телеком

0
By Сашка Цветковска on February 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот посредник во аферата Телеком, Димитрис Кондаминас ги задржал оригиналните документи со потписите на поткупените македонски функционери во 2005, стои во пресудата на судот во Њујорк, јавува весникот Фокус во денешниот број.

Со одлуката на судијата Ричар Саливан од 8 февруари годинава одбиено е барањето на обвинетите од “Маѓар” и “Дојче Телеком” кои барале судот да се прогласи за ненадлежен во процесот кој Американската комисија за хартии од вредност го води против нив, како што пишува Фокус.

Невладината “Транспаренси Интернешнл-Македонија” го превзема текстот на Фокус на нивната страница каде дообјаснува дека тие во неколку наврати објавиле докази дека грчкиот посредник преку кого одел поткупот на функционери е Димитрис Контаминас – човекот кој гради хотел веднаш на скопскиот плоштад како дел од проектот Скопје 2014.

Невладината во средата му ги испрати на јавниот обвинител Марко Зврлевски тајниот документ “Протокол за соработка” на кој стојат имињата на македонските владини функционери, но таа верзија е непотпишана и може да се најде на интернет заедно со последната одлука на њујоршкиот суд.

Шемата со корумпирани политичари и документите кои ги објавија американските институции во кои беа покренати обвиненија против инволвираните од Маџар Телеком, јасно покажуваат дека вмешаната фирма – кипарската Чаптекс Лимитед е сопственост на Димитрис Кондаминас. Обвинетите од Телеком склучувале лажни договори за консултантск услуги со Чаптекс, а потоа со тие пари се подмитувале македонските политичари и фунционери со цел да се помогне во одржувањето на монополската позиција на Телеком.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.