Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конференција: Со регионална соработка против загадувањето-досега во земјава спроведени 30 отсто од мерките

0
By Нова ТВ on October 4, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Потребна е регионална соработка на државите од Западен Балкан за решавање на загадувањето, од кое во светот досега починале 4,2 милиони лица и во услови кога 90 проценти од светското население секој ден дише нечист воздух, беше истакнато на денешната конференција посветена на регионалното аерозагадување.

Во Македонија првпат постои план за справување со аерозагадувањето, истакна заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Тој наброја некои од мерките преземени од Владата за справување со загадувањето.

– Во 45 објекти децата нема да бидат загадени, во 28 објекти ќе има енергетска ефикасност, во 11 општини во Скопје, ќе бидат поставени не зимзелени, туку плодородни дрва, за да можат децата и едукативно да учат, во 38 објекти ќе бидат поставени прочистувачи. Во тек е кампања во Полог за инвестиции во дрвната индустрија, каде што ќе бидат поставени филтри, рече Макрадули, кој потенцира дека го радува тоа што има општа мобилизација за справивање со аерозагадувањето.

Макрадули информира дека активностите за справување со изворите на загадување се одвиваат во исто време.

– Паралелно работиме на справување со загадувањето од домашното затоплување, транспортот, зелените урбани зони, стимулација на приклучување централното парно греење, и она што останува предизвик како да се справиме со предизвикот со иднината на термоелектраните. Набрзо тоа ќе го демонстрираме со термоелектраната Осломеј, истакна Макрадули.

Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест рече дека нивната невладина организација ги анализирала мерките кои ги спровела Владата во врска со аерозагадувањето и заклучила дека досега се спроведени околу 30 проценти.

Таа истакна дека на денешната регионална конференција биле опфатени три конкретни теми.

– Финансирањето на мерките во борбата против загадувањето, прекугранично влијание и како да соработуваме за да го решиме овој проблем и иновации и позитивни практики за справување со аерозагадувањето, посочи Чоловиќ Лешоска.

Влатка Матковиќ Пујиќ од Алијансата за здравје и животна околина од Брисел истакна дека еден од најголемите загадувачи е користењето на јагленот.

– Наш фокус се фабриките на Балканот кои користат јаглен. Шеснаесет такви фабрики во регионот, загадуваат речиси како 250 фабрики во Европа. Тоа нас не загрижува и сакаме да предложиме мерки како да се реши проблемот. За да се реши аерозагадувањето, потребна е регионална соработка, затоа што за него нема граници. Загадување во Северна Македонија доаѓа од Србија, исто и од Косово. А дел од загадувањето од регионот оди во Европа. Тоа неа ја загрижува, вели Матковиќ Пујиќ .

Говорниците истакнаа дека минатата недела на Самитот за климатски промени на ОН беше формиран Фонд за чист воздух, во кој се слеаја 50 милиони долари. Дел од средствата можат да бидат искористени за решавање на загадувањето во регионот и неопходна е регионална соработка меѓу државите од Западен Балкан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.