НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конгрес на СДСМ: Едногласна поддршка за Стево Пендаровски за претседателски кандидат

0
By Нова ТВ on March 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите 712 присутни кандидати на денешниот конгрес  на СДСМ го поддржаа Стево Пендаровски да биде кандидат на најголемата владејачка партија и коалицијата на претседателските избори што ќе с еодржат на 21 април.

Претседателот напартијата Зоран Заев рече дека од вкупно 738 делегати, присуствувале 712, и сите му дале поддршка на Пендаровски, без ниту еден глас против или воздржан.

-За мене претставува огромна чест што сум поддржан од 31 партија од сите етнички заедници, но и на многу наши граѓани кои не се членови на политички партии. Посебна благодарност до оваа политичка структура и до лично до премиерот Заев кои направија политички потег без прасдан и по 5 години му овозможија  повторно да влезам во трката за претседатател откако во 2014 бевме предмет на брутален изброен инженеринг, рече Пендаровски во обраќањето пред делегатите, кои го поздравија и го испратија со бурен аплауз, овации и скандидарања.

-Јавно да им се заблагодарам на сите останати кандиати кои се презентираа себе си максимално достоинствено и без да го разнишаат ни за милиметар политичкиот проект за кој се бориме со години – и Радмила и Оливер и Никола се прво мои пријатели, а потоа соборци за истата кауза. Убеден сум апсолутно дека тоа и ќе остане така и кога никој од нас нема да биде во политиката, рече Пендаровски обраќајќи се до тројцата кои постојано се споменуваа покрај него, како можни претседателски кандидати.

Пендаровски уште рече дека првпат во незвисона Македонија застанува и три политички партии од етничките Албанци кои се дел од владата, додека оние од опозицијата, иако ќе одат со свј кандидат, немаат никаков приговор за неговите ставови за меѓуетничките односи, како и за местото иил улогата на Албанците кои мора да ја имаат во заедничката држава.

-Заедно сме поминале низ сите изборни голготи од 2011 кога дојдовме блиску до рушење на дикататурата. Некои од нас се поколебаа, некои се продадоа. Во 2014 изглеговме првпат против дикаттурата со платфрма која требаше да ги обедини сите политички партии и тогаш исто така за првпат нашите сограѓани Албанци гласаа во поголем  број за кандидат етнички Македонец. Тоа го заокруживме во 2016 со концептот Едно општество за сите што беше уникатна стратегија која не е забележана никаде досега на Балканот  ниту во ЈИЕ по падот на комунизмот. По сите параметри, оваа генерација на македонски политичари на чело со Заев веќе направи  чудо  со тоа што го урна режимот на избори и што постигна договор со Грција на достоинствена основа со целосна заштита на нашиот идентитет. На страна политичката пропаганда или опозициската реторика, тие две достигнувања, со рационални аргументи не можат да ги оспорат ниту нашите најжестоки критичари. Овие луѓе и ништо друго да не направат во своите политички кариери , а ќе направат, само овие две работи им се доволни за историјата да ги памети и да ги постави на нејзините светли страници, рече Пендаровски.

-Посакувам со наш заеднички ангагжман во наредните месеци да создадеме уште една таква вест, која сите искрени борци за слобода и демократија, не само овде, туку пошироко – во регионот и Европа, ја очекуваат со нетрпение, рече Пендаровски, заблагодарувајќи се за довербата и со повик сите заедно да се вложат, како што рече, „за Македонија – за Македонија да биде на сите“.

Заев, затворајќи го Конгресот, рече дека 5 мај очекува сите да го поздрават новиот претседатл на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Заев на Конгресот на СДСМ: Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на државата

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.