Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Констатирани оставките на екс пратениците, сега градоначалници

0
By Нова ТВ on November 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на Република Македонија денеска на почетокот на 18. седница ги констатира оставките на пратениците кои во првиот круг од локалните избори добија градоначалнички мандати.

Петмината пратеници кои станаа градоначалници во првиот круг од изборите се Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Коста Јаневски и Максим Димитриевски. Нивните пратенички места, како што објави МИА, се очекува да ги заземат Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадинов, Агим Муртезанов и Костадин Ацевски.

Собранието денеска констатира престанок на пратничките мандати и на пратениците Бардиљ Даути од ДПА и на Зеќирија Ибраими од БЕСА, кој оставката до Парламентот ја доставил пред вториот круг од изборите.

Собранието ќе продолжи со работа околу 13:00 часот откако ќе добие известување од ДИК кој ќе ги замени овие пратеници.

На денешната седница присуствуваат пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата. Новите градоначалници по констатирањето на престанокот на нивниот мандат се поздравија со претседателот на Собранието и со нивните колеги кои им посакаа успешна работа.

Се очекува уште една измена на собранискиот состав откако во вториот круг од локалните избори градоначалници станаа Благоја Бочварски во Штип и Курто Дудуш во Штип. Престанокот на нивниот мандат ќе биде констатиран откако ДИК ќе ги прогласи резултатите од вториот круг на изборите за конечни.

На дневен ред на 18. седница на Собранието, која е прва по паузата поради локалните избори, се Предлог на одлука за изменување на Одлуката за испраќање припадник на АРМ за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, барање за давање автентично толкување на член 15 став 4 алинеа 5 и член 69 од Законот за градежно земјиште, поднесено од градоначалникот на Општина Илинден, барање за давање на автентично толкување на член 12 и член 13 од Законот за градежно земјиште, поднесено од в.д. градоначалникот на Општина Струга, барање за давање на автентично толкување на член 9 став 1 алинеја 1 од Законот за јавни набавки, поднесено од градоначалникот на Општина Куманово, како и барање за давање автентично толкување на член 14 став 4 и член 42 став 10 од Законот за минерални суровини, поднесено од градоначалникот на Општина Богданци.

оставки на екс пратеници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.