Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КОНТЕКСТ со Оливер Андонов: Етно-политички конфликт – подарок за Русија

0
By Zoran Ivanov on March 28, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 28, 2026 21:58

Разговор со проф. д-р Оливер Андонов за безбедносните закани, популизмот и позицијата на Северна Македонија во актуелниот геополитички контекст.

Џабир Дерала

Во време кога глобалното внимание е фокусирано на војната во Украина, односите меѓу САД и Европа, како и воената ескалација на Блискиот Исток, една друга, тивка, но подеднакво опасна динамика продолжува да се развива – руското влијание врз ранливите демократии во Европа, особено на Балканот.

Ова беше една од клучните теми на меѓународната конференција посветена на безбедноста и ризиците во регионот, на која учествуваше и проф. д-р Оливер Андонов. Во разговорот за првото видео издание на КОНТЕКСТ, Андонов нуди јасна и загрижувачка слика: моделите на влијание се повторуваат, а Македонија не е исклучок – туку дел од пошироката геополитичка шема.

Иако државите од Централна и Источна Европа имаат различни политички и историски контексти, Андонов нагласува дека заканите што ги детектираат се речиси идентични.

„Основниот извор на ризик и загрозување е руското влијание,“ истакнува тој, посочувајќи дека колеги од Полска, Чешка, Словачка, Романија, Молдавија, па дури и од Грција, ја делат истата проценка.

Ова влијание не се манифестира преку еден канал, туку преку цел еден систем кој вклучува корупција, популизам, енергетска зависност и медиумско влијание.

Станува збор за реплицирачки модел, кој се адаптира на локалните услови, но ја задржува истата цел: слабеење на демократските институции и создавање политичка зависност.

Еден од најзагрижувачките заклучоци од конференцијата, според Андонов, е дека во некои земји руското влијание не само што не се спречува – туку се користи.

„Постојат влади кои свесно го прифаќаат руското влијание како средство за одржување на власта,“ вели тој, посочувајќи ги примерите на Унгарија и Словачка.

Ова го менува карактерот на заканата. Од надворешна закана, тоа станува внатрешно политичка алатка, а од ризик тоа се претвора во инструмент. И токму тука лежи суштината на проблемот – кога институциите престануваат веќе не се средство за одбрана, туку стануваат канал за реализација на интересите на Кремљ.

Во македонскиот контекст, Андонов не остава простор за дилеми. Според него, државата не се справува со овие влијанија, туку напротив, ги репродуцира истите обрасци.

„Македонија не се справува со руското влијание – туку го користи преку популизам и енергетски политики,“ вели тој.

Оваа оценка се надоврзува на пошироката теза дека земјата, од таргет, постепено се трансформира во простор каде се водат прокси-операции. Таквата состојба се одразува на политичкиот дискурс, медиумската сцена и јавната перцепција.

Најостриот дел од анализата се однесува на внатрешно политичката динамика, особено употребата на етничките теми.

Андонов предупредува дека изјавите и наративите кои се фокусираат на јазикот и меѓуетничките односи не се изолирани политички пораки, туку дел од поширок процес на мобилизација.

„Се чувствува обид за подигање на етно-политичка мобилизација,“ вели тој, додавајќи дека медиумите дополнително ја засилуваат оваа динамика.

Клучното прашање што произлегува од ова е: Кому му одговара етно-политички конфликт во Македонија?

Одговорот на Андонов е директен и недвосмислен.

„Етно-политички конфликт ѝ одговара единствено на Русија. Тоа значи дестабилизација на Европа“, вели проф. д-р Андонов во КОНТЕКСТ.

Интересен сегмент од разговорот е и перцепцијата на европските партнери. Според Андонов, во академските и безбедносните кругови постои висока свесност за случувањата во регионот.

„Европа многу добро анализира што се случува,“ истакнува тој, посочувајќи ги особено романските и грчките колеги.

Но, истовремено, се поставува прашањето за реакцијата: Дали анализата се претвора во политика и дали предупредувањата водат кон конкретни мерки?

Во тој контекст, според Андонов, Полска и Романија се наведуваат како примери на земји кои преземаат активни чекори против хибридните закани – вклучително и физичка заштита на границите.

Разговорот отвора и прашања за политичката комуникација и надворешната политика на Македонија.

Андонов ја критикува тезата дека земјата е „единствена“ во водењето стратешки дијалог со САД, нарекувајќи ја неточна и дел од популистички наратив.

Ова тврдење на власта е симптоматично, бидејќи во себе содржи манипулација со фактите, создавање привид на значење и се потпира врз политичка комуникација наместо врз реална стратегија.

Балканот не е изолиран простор. Тој е дел од поширока геополитичка игра во која информацијата е оружје, поделбите се стратегија, а популизмот е ефикасна алатка. Во таков контекст, етно-политичките тензии не се само внатрешен проблем, туку потенцијален инструмент во рацете на надворешни актери.

Затоа, Македонија се наоѓа пред избор што не е нов, но станува сѐ покритичен со секој ден. Институциите, власта, политичките партии и општествените актери се наоѓаат исправени пред итни прашања што се однесуваат на стабилноста, безбедноста и одбраната на земјата:

Дали ќе дозволат земјата да остане ранлива на деструктивните влијанија или ќе почне да гради отпорност?

Дали ќе дозволи политиката да ги продлабочува поделбите или ќе преземе итни чекори да ги надмине?

Зашто, како што јасно произлегува и од разговорот со Андонов во КОНТЕКСТ, етно-политичкиот конфликт не може да се случи спонтано, туку се одвива според сценарио. Јасно е дека таквото сценарио постои. Прашање е дали има сценарио тоа и да се спречи.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

 

Андонов Дерала Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026
ФОКУС
March 28, 2026

Кочани: Нов марш за Ангелите

ВЕСТИ March 28, 2026

Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, после паузата поврзана со одбележувањето на годишнината…

ЕБОР: Македонија меѓу најзагрозените од блискоисточната војна

March 28, 2026

Израел погоди нуклеарни објекти во Иран

March 27, 2026

Њујорк Тајмс: Трамп ја крие вистината за војната против Иран

March 27, 2026
ТИКЕР

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.