Контроверзниот бизнисмен Субрата Рој, денеска во Охрид го посетува локалитетот Љубаниште, каде, според најавите, индискиот инвеститор заради проневери е на суд во Индија и му се заканува затвор, со македонските власти најави градење на туристички комплекс.
Субрата Рој најави голема инвестиција во Македонија, вредна стотици милиони евра, преку изградба на суперлуксузен туристички комплекс „Сахаријан Македонија“ на локација кај автокампот „Љубаништа“, на површина од 240 хектари.
Комплексот е најавен како луксузен хотел на вода и апартмани од највисока класа, вили, бунгалови, марина, приватни плажи, казина и голф-терени.
Индиската компанија од локалната самоуправа побара дополнинтелни 17 хектари земјиште потребни за сместувачки капацитети наменети за сместување на персоналот што е предвидено да го опслужува комплексот.
Според најавите, Рој, утре има средби на највисоко ниво: со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и со претседателот Ѓорѓе Иванов, на чија покана ќе присуствува на свеченото отворање на 53. издание на Охридско лето.
Во сабота пак, тој е домаќин на прием на кој ќе бидат присутни и претседателот Иванов и премиерот Никола Груевски.