Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конвенција на коалицијата за Позитивна Македонија во Универзалната сала

0
By Нова ТВ on April 6, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицијата за Позитивна Македонија одржа конвенција во Универзалната сала во Скопје, јавува партијата.

“Голем број на симпатизери и подржувачи на КПМ ги исполнија редовите на универзалната сала. На конвенцијата беа претставени сите кандидати за пратеници од сите изборни единици кои беа предводени од носителите на изборната единица.

На конвенцијата се обратија основачите на Алијансата за Позитивна Македонија, г-дин Минчо Јорданов, проф.д-р Владо Бучковки и г-дин Љупчо Зиков.

-Не одиме напред со доволно силно темпо. Сведочиме на многу делби , на црни и бели, на наши и ваши, на леви и десни. Таа поделеност не дозволува резултат. Мора да се изгради став, не против оние или овие, туку за државата и за нашиот граѓанин. Затоа нашата партија се појави како една можност и ќе биде поддржана од сите. Сме докажале и ќе докажеме дека знаеме како се води државата, изјави еден од основачите на АПМ, г-дин Минчо Јорданов.

-Ние не велиме дека веднаш ќе ја промениме власта. За таа цел се уште немаме сила, но имаме доволно сила и позитивна енергија да го промениме начинот на владеењето. Ние ќе влеземе во парлментот и во идната влада и ќе ја покажеме силата на Позитивна Македонија. Силата на нашата заспана убавица , на оваа наша уморна Македонија. Се измори кутрата цели 23 години. Последниов период слушам „ Државата пред се“, Ние велиме не државата, “ Граѓанинот пред се“, потенцира претседателот на Главниот Одбор на АПМ , проф.д-р Владо Бучковски.

-Македонија не смее да остане без своите луѓе. Коалицијата за Позитивна Македонија има единствена точка на дневен ред, да го запре овој егзодус, да ја запре белата чума, а тоа да го направи со економски развој со брзи чекори затоа што Македонија не може повеќе да чека и да крвари пред портите на Европска унија, немоќно без идеја, без концепт. Затоа Алијансата за Позитивна Македонија во својата програма го има проектот за 100.000 нови работни места во реален сектор, и тоа 30.000 во првите 365 дена од владата на позитивна македонија или владата во која таа ќе учествува, изјави претседателот на АПМ,г-дин Љупчо Зиков”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.