НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Корупцијата на ФИФА, до кога ќе оди?

0
By Нова ТВ on November 18, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниедно друго случување во светот на фудбалот не е ни блиску до „невремето“ кое владее во ФИФА – Светската фудбалска федерација, Асоцијација која важи за непрофитна. Од 2010 година, организацијата се најде затрупана во лавина наводи за корупција, особено по одлуките за доделување на организатор на светските првенства во 2018 и 2022 на Русија и Катар, анализира „Форејн Полиси“.

Неодамна светската Куќа на фудбалот објави извештај за внатрешните истражувања за различни наводи, и без поголемо изненадување во фудбалската јавност, соопшти дека одлуките за Русија и Катар се „добро промислени, цврсти и професионални“. И покрај тоа што се откриени серија нерегуларности и наидоа на пречки при истражувањето (како на пример уништени компјутери од руската делегација) ФИФА заклучи дека „инцидентите не можеле да влијаат на интегритетот на процесот за 2018/2022 како целина.

Во 2010 година британски „Сандеј Тајмс“ откри дека значителни членови внатре ФИФА земале поткуп за гласови при донесувањето на одлуките за организација на Светско. ФИФА исто така често е критикувана и за непреземањето мерки за обвиненијата дека се прекршуваат човековите права во Катар при подготовката на стадионите за 2022 година, а критикувана е и за поддршката на Русија и покрај меѓународните загрижувања за инвазијата на земјата на Путин врз Украина.

Минатата недела ФИФА се извини за објавувањето на промоционото видео за Светското првенство 2018 каде што Крим беше прикажан како дел од Русија. И покрај тоа што Русија „ги зема“ фудбалските тимови од Крим под свое закрило, УЕФА пак соопшти дека нема да ги признае резултатите на кримските клубови во руските фудбалски лиги.

Неодамна еден од британските пратеници случувањата околу ФИФА ги опиша како „белило“, мислејќи на корупцијата во Светската фудбалска организација. Американскиот истражител Мајкл Гарсија во однос на процесот при донесувањето одлука за Русија и Катар, заклучи дека
има „низа недоследности во материјалите и извртени факти“. Претседателот на германската Бундес лига др. Реиналд Робар отиде дотаму што рече дека УЕФА треба да ја напушти ФИФА доколку извештајот на Гарсија не биде објавен целосно.

Од друга страна самиот американски истражител достави жалба до внатрешниот Комитет за етика за одлуките на ФИФА околу неговиот извештај. Во меѓувреме еден од членовите на Комитетот пак, „Сандеј Тајмс“ го идентификуваше како примател на мито од Федерацијата на Катар.

Веќе долго време тешко е да се види како светските спортски организации го водат бизнисот. Парите инволвирани во организирање на едно Светско првенство во фудбал или Олимписки игри се огромни. Според наводите, Олимписките игри во Сочи се проценуваат на над 50 милијарди американски долари, додека последното Светско во фудбал во Бразил околу 15 милијарди, што беше и причина за протести и нереди во земјата, кога пред самиот почеток се појави и прашањето „Подготвен ли е Бразил и на кое ниво е безбедноста во земјата?“.

За некои од најголемите имиња во фудбалот, се уште не е јасно како ФИФА ги организира настаните без да одговара на никого. Одговорот треба да се бара во тоа што организацијата е технички непрофитна а огромното богатство кое го поседува е стекнато од телевизиски права и спонзорства. Дополнително, седиштето и е во Швајцарија и одговара само пред законите во таа земја.

ФИФА е организација на покровителство а гласовите во неа одат „една земја еден глас“. Но кога ФИФА ќе распредели милиони долари на сиромашните земји и нивните фудбалски програми, тоа купува лојалност, впрочем тоа е начинот на кој Сеп Блатер е првиот човек во организацијата со децении.

Спонзорите пак иако понекогаш објавуваат загрижувања за наводната корупција во телото на организацијата, сепак прават милијарди со учеството во неа, а ниеден спонзор до сега не се осудил сериозно да разгледа до каде води работата.

ФИФА за сега функционира без казни поради малата одговорност која ја има во надворешноста. Докажана е нејзината неспособност за стандарди кои одговараат на 21 век. Но што може да се направи?

– Време е националните влади да се вмешаат и да му помогнат на фудбалот и спортот воопшто, бидејќи вака нема многу причини кои наведуваат дека на повидок е промена, заклучува анализата на „Форејн Полиси“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.