Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово е се уште без влада и влегува во сериозна политичка криза

0
By Нова ТВ on August 24, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес пропадна уште еден обид за конституирање на парламентот  на Косово по повеќе од два месеци по парламентарните избори. Косово е влезено во политичка криза која почнува да биде загрижувачка за ЕУ и САД.

Без влада не може да има напредок во преговорите со Белград. Дијалог кој ионака е бавен па дури и во кома.

Меѓународната заедница смета исто така Косово би можело да стане дом на исламистите во Европа. Според западните агенции, илјадници млади Косовари, без работа и обесхрабрени од нејасната иднина што стои пред нив, се почесто заминуваат за Сирија и Ирак во редовите на терористичката Исламска држава.

Без влада Косово не може да ги добие неопходните пари од меѓународните фондови. Шефот на мисијата на Обединетите Нации на Косово Захир Танин преупреди пред неколку дена дека кризата има штетно влијание на економски и социјален план и потсети дека меѓународните фондови ги откажуваат инвестициите и финаниската помош која уште како и е потребна на оваа мала и сиромашна држава.

Ако уште долго остане без влада Косово може да загуби речиси 80 милиони евра од фондовите на ЕУ, предупреди канцеларијата на ЕУ во Приштина. Програмата за помош од ЕУ мора да биде ратификувана до крајот на годината. Во спротивно, парите ќе се вратат во буџетот на ЕУ.

Меѓународниот монетарен фонд уште во јули ја запре исплатата на 16 милиони евра.

Оваа криза ја кочи и кандидатурата на Косово за влез во Унеско, организација на ОН за образование, култура и наука. Во 2015 година оваа кандидатура не успеа да ги добие потребните гласови во оваа меѓународна организација. Следната конференција на Унеско на која би можело да се поднесе новата кандидатура е закажана за октомври. За да поднесе нова кандидатура Косово мора да ги смени своите закони за слобода на религиите и за културното наследство а тоа без парламент е невозможно.

На оваа политичка криза има влијание и креирањето на специјален суд во Хаг кој треба да ги истражи и суди воените злосторства за поранешните членови на Ослободителната армија на Косово од периодот ја конфликтот со Србија во 1999 година. Според некои извори, овој суд треба да отвори случај за Хашим Тачи, поранешен шеф на оваа војска.

Последната влада на Косово падна пролетва откако дојде до несогласување за маркирање на границата со Црна Гора. На изборите на 11 јуни коалицијата ПАН (Демократска партија на  Кадри Весељи, Алијанса за иднината на Косово на Рамуш Харадинај и Иницијатива за Косово на Фатмир Лимај) освоија 39 пратенички места од вкупно 120 во Парламентот. Тоа значи дека ПАН нема доволен број за формирање влада дури и ако коалицира со 10 пратеници од српската партија Листа српска и 10 од другите малински заедници.

Рамуш Харадинај, кандидат за премиер

Но сега ПАН тврди дека има доволен број гласови, со наводните три од Алијансата за Ново Косово на најбогатиот Албанец Беџет Пацоли.

Според Дојче Веле,  кој цитира извори блиски до преговарачките тимови, Пацоли со само четири пратеници бара најмалку три министерски места, и тоа многу важни. Според истите извори, Пацоли навистина и ќе го добие она што го бара, зашто Весељи и Харадинај немаат друг избор.

Беџет Пацоли

Пацоли, како што дознава Дојче Веле “би можел да биде иден шеф на косовската дипломатија, што за Косово би можело да биде од голема полза, ако се знае дека тој има многу добри деловни и приватни врски со Русија и со бившите советски републики”.

Премиерското место најверојатно ќе му припадне на Рамуш Харадинај кој вчера од граѓаните на Косово побара трпение за формирање влада.

Според него, има најмалку три причини што го попречуваат брзото формирање и оти не планира да создаде какво било мнозинство.

„Прво, изборите донесоа резултат што сите го знаеме, второ, се наоѓаме пред една законска рамка која не дава олеснувања, и трето, ни најмалку не сум зинтересиран да формирам влада колку таа само да се формира. Доцнењето е за да се изнајде формула за содавање стабилни институции и поради тоа јавноста треба да не разбере“, напиша Харадинај на неговиот профил на Фејсбук.

Денес се одржа шестото продолжение на конститутивната седница на Парламентот но таа беше прекината. ПАН не обезбеди потребно мнозинство за избор на претседател на Парламентот. Седницата е прекината, а претседавачот рече дека новото заседание дополнително ќе биде закажано.

Единствен кандидат за прв парламентарец е лидерот на ДП Кадри Весели, кој и претходно беше на оваа функција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.