Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово ја укина забрана за увоз на мед и компир од Северна Македонија

0
By Нова ТВ on September 5, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косово ја укина забраната за увоз на мед и компир од земјава, а Северна Македонија го стави Косово повторно на листата земји од кои е дозволен увоз на икра и подмладок од риба, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

На прес-конференција во Владата, Бектеши рече дека ќе нема компромис и отстапки кога се работи за стандардите што треба да ги исполнуваат извозниците.

– Пред неколку часа од косовска страна бевме информирани дека е укината бариерата за извоз на мед и компир во оваа земја, информира министерот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Бектеши уште еднаш повтори дека нула е штетата од забраната што беше воведена пред околу еден месец.

Владата, потенцира Бектеши, останува посветена на продлабочување на соработката со Косово.

На 16 август Косово забрани увоз на компири и мед од Северна Македонија, како одговор на забраната што земјава ја воведе за увозот на риба за порибување од Косово.

На 30 август министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала испрати писмо до министерот за економија Крешник Бектеши со кое го информира дека Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово веќе ја испратила потребната документација до Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија со кои се докажува дека се исполнети условите за увоз на икра и материјал за порибување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.