Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово наложи времено исклучување на сите телевизиски канали по потекло од Русија

0
By Ivana on February 27, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Независната комисија за медиуми на Косово (КПМ) наложи времено исклучување на сите телевизиски канали по потекло од Русија од косовските телевизиски платформи и побара од медиумите да внимаваат на дезинформациите и лажните вести во врска со ситуацијата во Украина по руската инвазија врз таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку својата страница на Фејсбук, косовското регулаторно тело за медиуми објави дека одлуката е донесена „со цел да се спречи пропагандата (од Русија) и да се заштити јавната безбедност во Република Косово“.

– КПМ донесе одлука да им наложи на сите оператори за дистрибуција времено да прекинат со пренесување на каналите по потекло од Руската Федерација, со цел да се спречи пропагандата и да се заштити јавната безбедност во Република Косово, се вели во синоќешното соопштение на КПМ.

Косовскиот регулатор нагласува дека одлуката „нема за цел да ги задуши слободата на говор и слободата на медиумите“, туку само да ја спречи руската пропаганда преку медиумите по инвазијата што таа држава ја изврши врз Украина.

Во писмо до косовските медиуми, КПМ порача дека „помно го следи медиумското известување за актуелната ситуација во Украина, посебно за програмските содржини кои се нудат преку разни платформи, со посебен акцент на медиумите со потекло и блиски на актуелната власт во Руската Федерација“.

– КПМ ги упатува сите свои лиценцирани субјекти да бидат внимателни при преносот на програмски содржини и да ги преземат потребните дејствија за да го избегнат ширењето на пропаганда и на лажни вести, посебно од медиумите од руско потекло или блиски до актуелната власт во Руската Федерација, која може да дистрибуира програмски содржини кои поттикнуваат јазик на омраза, дезинформации, дискриминација и нетрпеливост со цел да ја оправдаат нивната војна против Украина и кои на еден или на друг начин можат да ги загрозат безбедноста и јавниот ред на Република Косово, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.