Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово: Почнуваат локалните избори – тест за зрелоста

0
By Нова ТВ on November 3, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Косово се отворени 798 избирачки центри со 2.366 избирачки места. Право на глас имаат 1.779.357 граѓани, кои гласаат за советници и градоначалници во 39 општини. Вкупниот број регистрирани гласачи надвор од Косово е 8.383, јавува Дојче Веле. Од вкупно потврдените 103 изборни листи, 38 се албански, 33 српски, а останатите се листи на независни кандидати, како и на Бошњаци, Турци, Роми, Црногорци, Хрвати, Горанци и Ашкали. Изборите ги следат локални и меѓународни набљудувачи. За безбедоста на изборите се задолжени 5.500 косовски полицајци, а ангажирани се и меѓународните мисии ЕУЛЕКС и КФОР.

Првите прелиминарни резултати од денешното гласање се очекуваат утре, а официјални најдоцна до 6 ноември. Во вториот изборен круг, кој ќе се одржи на 1 декември, во општините каде ниту еден кандидат не ја освоил довербата на повеќе од 50 проценти на гласачите, ќе се гласа само за двајцата првопласирани, кои во првиот круг добиле најмногу гласови и со тоа добиле право да ја продолжат трката за градоначалник.

Косовската претседателка Атифете Јахјага оцени дека локалните избори ќе бидат тест за политичката зрелост на Косово во потрага по мирот со Србија и за аспирациите кон евентуално членство во ЕУ. Таа истакна дека учеството на Србите на изборите, кое е прво по прогласувањето независност во 2008 година, ќе помогне во интегрирање на оваа малцинска заедница.

Инаку, во текот на предизборниот молк се случија два инциденти кои фрлија сенка врз изборите. Вчера (02.11.) во Србица, од страна на припадник на косовската полиција е убиен кандидатот за советник на Алијансата за иднина на Косово, Беким Биринѓику. Дали инцидентот има политичка заднина, се‘ уште не е познато. Освен тоа, Кандидатот за градоначалник на Митровица Крстимир Пантиќ изјави дека непознати сторители се обиделе да го ликвидираат во ноќта спроти саботата (02.11.).
Мисијата на ОН на Косово во соопштение остро го осуди насилството. За демократскиот процес е потребно да нема насилство и заплашување, наведува УНМИК.

Извор: Дојче Веле на македонски јазик

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.