Албанците на Косово денеска ја одбележуваат петгодишнината од прогласувањето на својата независност од Србија.
На пладне во центарот на Приштина ќе се оддржи парада на припадници на Силите за безбедност на Косово и на косовската полиција. Предвидено е и свечено заседание на косовскиот парламент, објавува Танјуг.
Со бомбардирањето на НАТО во пролетта 1999 година од Косово беа истерани српските сили, отворајќи го на тој начин патот за независноста, што беше прогласена на 17 февруари 2008 година со поддршката на САД и на мнозинството од земјите од ЕУ, потсетува Слободна Европа.
Независноста на Косово досега ја признаа од околу 100 држави.
Србија не го признава Косово, но нормализирањето на односите со Приштина е услов за продолжување на евроинтеграциите на Србија.