Косово нема да ги укине мерките за забрана на увоз на производи од Македонија се додека Македонија не ги укине воведените мерки.
„Разбуди се“: Владата веднаш да ја повлече таксата на граница
Ова денеска во Приштина го изјави косовската министерка за трговија и индустрија Мимоза Кусари Лила, по разговорите со македонскиот министер за економија, Валон Сарачини, јавува Слобидна Европа.
Министрите изјавија дека и двете влади остануваат посветени на решавањето на проблемите меѓу двете земји и на повторно воспоставување нормални трговски односи. Сарачини имал средба и со косовскиот министер за финансии, Бесим Беќај, по што изјави дека македонската влада е заинтересирана за што поскоро надминување на настанатата ситуација, бидејки тоа е од интерес и на економиите и на граѓаните на двете земји.
Добро е што почнавме дијалог и се надевам дека наскоро ќе ги усогласиме ставовите. Преговорите ќе продолжат и во наредните денови, изјави Сарачини во Приштина.