Неколку лица се повредени при простетот меѓу полицијата и косовските Алабанци кој се случи денеска во Косовска Митровица. Насилството избувна на најавениот мирен протест поради изградбата на „Паркот на мирот“ на мостот над Ибар. Демонстрантите фрлаа ламења и запалија автомобили додека полицијата употреби солзавец.
Српските власти на северниот дел на градот поставија жардинери за цвеќе овозможувајќи движење само за пешаци, а не и за моторни возила.
Градоначалникот на северниот дел на Косовска Митровица Горан Ракиќ оцени дека изградбата на „Паркот на мирот“ е чекор кон нормализација на состојбата во Косовска Митровица и ги повика приштинските власти да ја ублажат реториката, која довела до денешните демонстрации.