Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косовски јазол: Трамп на средба со Вучиќ и Хоти

0
By Нова ТВ on September 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска во Овалната соба во Белата куќа ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.

Американскиот претседател со тоа ќе присуствува на церемонија на потпишување на документ меѓу Србија и Косово, за кој вчера пишуваа српските медиуми и ќе земе учествуво во трилатералниот состанок, објави Белата куќа, а пренесува „Гласот на Америка“.

По средбата во Белата куќа, и Вучиќ и Хоти поединечно ќе се состанат со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Стејт департментот.

Во соопштението на Белата куќа, објавено доцна во четвртокот, не било прецизирано што ќе биде потпишано, дали станува збор за договор и што точно ќе содржи истиот.

„Гласот на Америка“ потсетува дека уште пред средбите во Вашингтон кружеа гласини дека постои можност претседателот Трамп да се сретне со претседателот на Србија и премиерот на Косово, но за тоа немаше официјална потврда до четвртокот вечерта.

За време на вчерашните разговори во Вашингтон, српските медиуми пренесуваа за тензична атмосфера, односно проструија информации дека српската делегација и претседателот Вучиќ се под голем притисок. После тоа, пристигна веста дека пред српската делегација е ставен документ од 16 точки, од кои десеттата е одредба за признавање на независноста на Косово. Таа точка подоцна била отстранета, во текот на разговорите, а на српската делегација и бил презентиран документ без спорната точка 10.

Вучиќ исто така од Вашингтон им се одбрати на граѓаните и соопшти дека одбил да го прифати спорниот документ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

ВЕСТИ October 9, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до…

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.