Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, денеска преку својот Фејсбук профил, потврди дека поднесува оставка од својата функција.
„Голема благодарност до сите наши партнери, корисници, интернационални организации и членовите на Националниот стартап совет за безрезервната поддршка овие 14 месеци. Најголема благодарност до моите колеги од ФИТР за рекордните успеси во 2021 година“, напиша Петров, кој ја сподели анализата на перформансот на компаниите ко-финансирани од ФИТР.