Костадин Костадинов, пратеникот од СДСМ од Струмица, преку својот Фејсбук профил обелодени дека за време на неговиот мандат како пратеник, не потрошил народни пари – ниту за патни трошоци, ниту за службен телефон, ниту за закуп на стан.
„Искрениот пристап кон вас што ме плаќате продолжува и никогаш нема да се смени дури ја имам честа од вас, граѓаните на Струмица, да бидам во политиката. Во овој мандат Коста Костадинов има потрошено од парите на граѓаните.
Нула денари за патни трошоци!
Нула денари за службен телефон!
Нула денари закуп за стан!
Ако се сака се може“, напиша на Фејсбук Костадинов.