Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадинов: Опозицијата неуспешно „пука“ во Димитров, вината за ЕУ е кај Бугарија

0
By Нова ТВ on February 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Интерпелацијата за Димитров е уште еден неуспешен обид на ВМРО ДПМНЕ, и наместо да го поминуваме времето корисно во парламентот, да носиме закони важни за граѓаните, ние во моментот таму имаме пласирање лажни вести, клевети и навреди, она што ВМРО ДПМНЕ знае најдобро да го прави. Не може за тоа што не започнаа преговори со ЕУ вината да биде кај Димитров. Сите се изненадени од одлуката на Бугарија и тоа не е во духот на Договорот за добрососетство, потпишан на двата официјални јазици. Таквата одлука не е во духот на европските вредности. Целиот демократски свет е изненаден од одлуката на Бугарија и ја осуди како неисправна. Ние имаме Договор со Бугарија, преку кој треба да градиме соработка во духот на европските вредности. Можеби кај одредени политичари во Бугарија, сега ќе имаат избори во април таму, ова е своевиден притисок, па единствената карта им е да играат на национализам насочен кон Северна Македонија.“- изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, на телевизија Канал 5, зборувајќи за неоснованоста на поднесената интерпелација.

Изрази уверување дека преку дијалог и разбирање Северна Македонија и Бугарија ќе најдат заедничко решение со кое ќе се надмине ваквата ситуација.

„Во една ваква ситуација во која ние направивме се за да ги надминеме пречките, не знам што ќе преземе Софија, сега притисокот е врз неа. Сите земји членки се насочени кон Бугарија. Тие може да испорачуваат барања, но ние имаме наши црвени линии, ние сме Македонци со македонски јазик, признати од цел свет. И влезот во ЕУ ќе го направиме така, со нашиот јазик. Ќе ги отвориме европските пазари за македонските граѓани. Некој да ни чепка во сувереноста, да ни чепка во јазикот нема да дозволиме. Бугарија има барања, но тоа се само нивни барања. Наспроти тоа има факти. Веруваме дека по пат на дијалог Бугарија ќе ја прифати реалноста, ќе ги прифати фактите и дека ова ќе се надмине.“- заврши Костадинов.

По кој знае кој пат мораше да повтори дека државниот врв не преговара за идентитетот, за јазикот, за припадноста… и уште еднаш ги увери граѓаните дека нема скриени преговори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.