Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска: Во подготовка е Закон за македонскиот јазик, лекторите ќе бидат задолжителни во секоја институција

0
By Ана Василевска on November 24, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за македонски јазик е веќе готов, се разгледува од правен аспект и се очекува да се најде на владина седница, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24. Таа додаде дека пред испраќањето во Собрание на нацрт-законот, текстот ќе биде претставен за јавна расправа.

„Законот за употреба на македонскиот јазик всушност предвидува мерки за тоа како да се промовира македонскиот јазик, како правилно да се имплементира… Тој закон предвидува стратегија за македонскиот јазик. Оние спорни делови, кои беа причини законот да се стопира во 2020 година сега се отстранети, бидејќи постои начелен договор за тие моменти поинаку да се регулираат“, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа додаде дека Законот за употреба на македонскиот јазик предвидува лектори во секоја државна институција, но и поголеми казни за оние што не го употребуваат како што треба македонскиот јазик, соодветно со лекторите.

„Тој предвидува и афирмација во градинки и училишта. Советот за македонскиот јазик е составен од професионалци, коишто долги години се занимаваат со оваа тематика и точно знаат каде треба да се реагира и тие извесен период работеа на тој закон“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Закон за македонски јазик Лектори министерство за култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.