Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Фестивалот на врвната визуелна уметност „Браќа Манаки“ е чувар на споменот за љубопитните браќа Милтон и Јанаки

0
By Marta Pesevska on September 24, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Многубројни гости со силен аплауз го поздравија македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски, по светската премиера на Фестивалот во Венеција, со кој вчеравечер во Центарот за култура во Битола беше отворен 44.Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на свеченоста пред проекцијата на филмот им пожела добрeдојде на гостите во Битола, како што рече: „во градот кој по 44-ти пат, во чест на ’Браќата на светлината‘, Јанаки и Милтон Манаки, достоинствено и достојно ја чествува магијата на филмската камера“.

− Овој фестивал, кој ги негува вредностите на врвната визуелна уметност, е и чувар на споменот за љубопитните браќа Манаки, за кои дотогаш „непознатото“ било голем предизвик. Тој предизвик нè донесе до „Прекрасното непознато“. Затоа, и вечерва, и тука, со нескриено задоволство сакам да нагласам дека збирката на движното културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки 1853 – 1964“, која се наоѓа во битолското одделение на Државниот архив, ја прогласивме за културно наследство од особено значење, во поткатегоријата исклучително значење – истакна Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека збирката од над илјада и двесте артефакти е оригинално сведоштво за едно бурно време на Балканот и своевиден ракопис од европска важност.

– За историјата на светската кинематографија и да не зборуваме. Зашто браќата Манаки беа први на Балканот, меѓу првите во Европа. Македонската кинематографија им ја должи сета почит – кажа министерката за култура во Битола и додаде: – Филмската уметност е моќен медиум, најразбирливиот јазик кој лесно ги минува сите бариери. Тоа одамна го осознаа браќата Манаки. И влегувајќи во „свој“ филм, допреа до „Прекрасното непознато“. Онаму кон каде што одите и вие.

Костадиновска-Стојчевска му ја врачи наградата на оскаровецот Питер Бижу, кој е годинашен добитник на „Златна камера 300“ за животен опус, честитајќи им ги признанијата на сите годинашни носители на награди. Таа истакна дека  Министерството за култура е и ќе биде почитувач и пријател на сите на кои овој „празник на филмот“ во Битола им е сè.

– Оттаму, радува ентузијазмот, страста на овој фестивал, од година во година, со децении, да ја надоградува љубовта кон добриот кадар. И тоа ја заслужува нашата почит – додаде Костадиновска-Стојчевска.

Годинашниот добитник за животно дело Питер Бижу е кинематограферот на антологиските филмски остварувања: „Мисисипи гори“, „Трумановото шоу“, „Во името на таткото“, „Штета“, „Пинк Флојд: Ѕидот“, „Животот на Брајан“, „Временски бандит“, „Ричард III“ и редица други. Бижу има работено со многубројни звучни режисерки имиња од светот на филмот, како и со Алан Паркер, со кого заедно работеа и на антологиското дело од 1982 година „Пинк Флојд: Sидот“, со чија нумера започна и ова 44. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, чиј добитник годинава е познатата македонска актерка и продуцент Лабина Митевска, традиционално ја додели претседателот на Друштвото на филмските работници на Македонија, Игор Иванов-Изи. На отворањето на Фестивалот се обратија и директорот на Фестивалот, Симон Мони Дамевски, и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

На 44. фестивалско издание што се одржува од 23 до 29 септември, добитник на специјалната „Златна награда 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е Шејмус Мекгарви, чиј ракопис стои зад „Покајание“ и „Ана Каренина“, за кои бил и номиниран за Оскар за најдобра фотографија (кинематографија). Специјален гостин оваа година е познатиот продуцент Иан Смит.

На Фестивалот ќе се прикажат 79 филмови, а од странство пристигнуваат 350 гости, за кои е подготвена дополнителна програма во која се содржани работилници, изложби, кабаре и многу дружење во Битола.

Браќа Манаки Костадиновска Стојчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.