Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Изучувањето на макдонскиот јазик на Универзитетскиот колеџ во Лондо значајно придонесува за афирмација на нашиот идентитет и култура

0
By Ана Василевска on October 25, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за култура на Северна Македонија вложува сериозни напори за поголема промоција и афирмација на македонското творештво и оттука размената со големите библиотечни институции е од непроценливо значење за нашата држава. Верувам дека наскоро ќе имаме проекти кои ќе значат размена и збогатување на библиотеките од двете држави, како и потпишување меморандум во кој би можеле да бидат преточени и конкретни иницијативи изјави министерката за култура.

Ова го истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска за време на посетата на Школата за словенски и источноевропски студии (UCL SSEES) при Универзитетскиот колеџ во Лондон каде што, меѓу другите јазици, се изучува и македонскиот јазик. Костадиновска-Стојчевска, како што соопшти Министерството за култура, се сретна со директорот на оваа реномирана лондонска образовна установа, Ричард Мул, и изрази задоволство од досегашните односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство кои се традиционално добри и бележат континуиран развој и во областа на културата.

Таа нагласи дека Република Северна Македонија е земја на талентирани автори од сите генерации, кои со своето творештво даваат свој придонес во богатството на европскиот културен мозаик. Во овој контекст, додаде дека од  непроценливо значење е творечкиот опус на Горан Стефановски кој со години предаваше драматургија на Универзитетот во Кент.

-Покрај печатените изданија, Библиотеката на Школата располага и со голема колекција филмови и документарни филмови. Во тој контекст, на средбата стана збор и за  можноста некои од остварувањата на македонската кинематографија да бидат дел и од збирките на Библиотеката на Школата за словенски и источноевропски студии. Разговаравме за можностите македонските дигитализирани филмови и ДВД изданија да станат дел од Библиотеката со што ќе влијаеме во афирмација на македонскиот јазик и култура, стои во соопштението.

Дополнителен настан, се додава, кој беше истакнат како начин преку кој филмската уметност влијае во зближувањето и запознавањето на културите, и афирмацијата на македонската уметност, е проекцијата на „Кајмак“ на Милчо Манчевски, следниот месец,  на Универзитетскиот колеџ во Лондон, каде преку директен контакт со авторот ќе се придонесе во развој на односите во културата.

Во рамките на посетата на Школата за словенски и источнословенски студии, министерката се сретна и со професорката Анета Илиевска-Завршник, која подвлече дека изучувањето на македонскиот јазик на оваа престижна установа е повторно востановено од 2019 година и дека бројката на групите заинтересирани да посетуваат курсеви на македонски јазик од оваа година е зголемена.

Беше разговарано за можностите за натамошна соработка во смисла на неодамнешниот настан во чест на македонскиот јазик одржан овде, во Лондон, на кој лингвисти и експерти дискутираа за местото на македонскиот јазик во семејството на словенските и балканските јазици, на кој посебен придонес дадоа говорниците Виктор Фридман и професорката Анета Дучевска.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска му подари изданија од македонски автори на директорот на оваа реномирана лондонска образовна установа, Ричард Мул, со кои, се потенцира, Библиотеката, која има вредна колекција од печатени и дигитални дела за проучувањето на историјата и културата на Централна, Источна и Југоисточна Европа, се збогатува и со дела на македонски јазик.

-За студентите, за сите заинтересирани и за сите љубители на македонскиот јазик, македонската литература и култура отсега стануваат подостапни преку делата на  Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Горан Стефановски. Министерството за култура и Амбасадата на Северна Македонија во Лондон ќе продолжат да ја поддржуваат Библиотеката на Школата за словенски и источноевропски студии со донирање македонски книги, а со тоа и во иднина ќе се зголемуваат можностите за студентите да го збогатат своето знаење за нашата земја, култура и традиција. Со воведувањето на курсот за изучување на македонскиот јазик, Школата за словенски и источноевропски студии (UCL SSEES) дава значаен придонес во промовирањето на наставата на македонски јазик и постепено промовирање на нашата култура пред странските студенти, се наведува во соопштението.

Костадиновска Стојчевска македонски јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.