Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костовски: Претседателот се вози во јахтата што ми ја земаа

0
By Нова ТВ on June 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во интервјуто за хрватскиот бизнис магазин “Бизнис пипл“ македонскиот бизнисмен Трифун Костовски открива дека јахтата што му ја одзела државата, според него неправедно, сега на Охридското езеро ја користи претседателот Ѓорге Иванов и се вози со неа кога е на летување во претседателската вила Билјана.

На прашањето на новинарот како се случило да остане без јахтата, Костовски вели дека неговата јахта на Охридското езеро пловела под италијанско знаме и морал секои 6 месеци со дизалица да ја вади од езерото, да ја транспортира до Албанија и пак да вплови во македонскиот дел на Охридското езеро. Еднаш, вели Костовски задоцнив и полицијата по итна постапка ми ја заплени јахтата, без да имам право на жалба.

Им реков, вели македонскиот бизнисмен “Што не ми кажавте дека ви треба, па јас ќе ви ја подарев“ во интервјуто за хрватскиот магазин. На прашањето дали јахтата државата ја продала, а парите ги ставила во државната каса Костовски изјавува “Ма како да не, стана јахта на претседателот на државата па место јас што ја купив сега на неа претседателот го поминува годишниот одмор“.

Костовски е преставен како човек кој парите заработени во странство решил да ги вложи во Македонија но и го цитира дека сега сфаќа дека направил лош бизнис потег.

-Загубив многу пари затоа што не сакав премногу да се приклонам кон ниедна политичка партија. Бизнисот во Македонија никогаш не се ослободи од политиката , таа влезе во сите пори на општеството и се води партиска, а не државна политика. Во моите 25 години бизнис во странство никогаш политичарите не барале ништо од мене, а тука постојано досадуваат. Кај нас се е политика, а ја водат луѓе кои се елоквентни но се наметнуваат иако ништо немаат сработено. Ни еден од сите наши премиери ни 5 пари нема заработено од сопствена работа, вели бизнисменот и донатор Костовски во интервјуто за “Бизнис пипл“.

Костовски во Македонија, односно како инвеститор вложил 150 милиони евра, а за донации уште 50 милиони евра, за што е препознатлив во македонската јавност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.