Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ Иво Котевски по распитот во СЈО во врска со случајот „Талир“ изјави дека побарал увид во докази, но не му било дозволено и дека тоа ќе го направат некој друг ден. Тој не сакаше да прецизира за што е повикан денеска во Обвинителството. Само повтори дека може да се заклучи дека СЈО работи како партиска испостава на СДСМ
На новинарско прашање дали денеска во Обвинителството ќе се појави лидерот на партијата Никола Груевски и да ги кометнира пишувњата на некои медиуми блиски до партијата дека тој е одмор со семејството, Котевски рече дека денеска тука е приватно и не е во можност да одговори за тоа каде е Груевски.