Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коцарев: Таканаречениот македонско-бугарски јазичен спор, всушност не е спор, туку апсурд

0
By Нова ТВ on July 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четирите капитални изданија за македонскиот јазик, кои денес беа промовирани на платото пред Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), како и светската лингивистичка наука потврдуваат дека таканаречениот македонско-бугарски јазичен спор, всушност не е спор, туку апсурд, рече претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.

„Зарем е можно во 21. век да се оспоруваат основни човекови права? При прогласувањето на македонскиот јазик за вештачки Бугарската академија на науки (БАН) се потпира на две бесмислени тврдења, сличноста со бугарскиот јазик и политичкиот карактер на македонскиот јазик“, рече академик Коцарев.

Со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик, деновиве од печат излегоа делата: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, колективна монографија во којашто што е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од 19. век па сè до неговата кодификација; „Погледи за македонскиот јазик“, меѓународен зборник на трудови во којшто над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози за различни аспекти на македонскиот јазик; „Македонска хрестоматија“, избор на позначајни македонски текстови од 19 до 20 век век; и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА)“ кој дава продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти. Сите овие дела се поставени и во дигитална форма на главната страница на МАНУ.

На промоцијата, на која дојдоа покрај голем број лингвисти дојдоа и министри, политичари, свештени лица, уметници, покрај Коцарев, говореа и академик Катица Ќулавкова, проф. д-р Снежана Велковска, проф. д-р Димитар Пандев и проф. Марјан Марковиќ од Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ во МАНУ и дописен член на МАНУ.
МАНУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.