Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Треба да се срамите она што го направивте во Собранието

0
By Mirjana on July 28, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на македонската влада Димитар Ковачевски , одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот Бојан Стојановски -Зошто власта и СДСМ бега од референдум, се обрати кон пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и им порача дека требало да се срамат за она што го правеа на пленарната седницата на која се гласаше за заклучоците за преговарачката рамка на Европската Унија.

„ Јас немам  проблем  да вриштите, да тропате, да довикувате, да палите, да свирите на вувузели, формално образование човек може и да заврши но на човек со празнина од домашно воспитување не може да му помогнат никакви институции. Најлошо е кога такви луѓе довикуваа на еден претседател на Европска Комисија. Македонија  ги почна преговорите, и враќање од тој пат нема , и да палите и да говорите невистини нема да го скршнете курсот ни лево а уште помалку десно. Секогаш бегате во клучни моменти никогаш за ништо немате гласано. Начинот на кој се однесувате говори за отсуство на домашно воспитување, повтори Ковачевски, кој постапките на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ која се претставувала како демократска партија, ги спореди со постапка на еден политичар од соседна северна држава, како што рече.

Тој истакна дека референдумот бил внатрешно прашање на ВМРО ДПМНЕ и дека ниту тие знаеле какво прашање да конципираат. Ковачевски повтори дека 68 пратеници, како претставници на граѓаните , гласале за заклучоците односно за почнување на преговорите со ЕУ што и се случило и тоа на чист македонски јазик, на кој , како што рече, потпишуваме договор за преведување на македонски јазик на европската правна регулатива.

На овие тези на Ковачевски, реагира координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ , Никола Мицевски кој праша доколку народот стоел зад преговорите со ЕУ со ваква преговарачка рамка, зошто одделни пратеници во собранието се движеле со оружана полициска придружба а тие како пратеници влегувале од некои споредни влезови во Собранието. Процедуралната реакција на Мицевски беше провоцирана од прозивката на Ковачевски на местото каде што седел Мицевски, слободно да го седнеле Апасиев.

Кон тезите на Мицевски се приклучи и координаторот на СДСМ , Јован Митрески кој  повтори дека ВМРО – ДПМНЕ  секогаш бегало и кога требало да се гласа за НАТО и сега за ЕУ и барем да гласале против.

Пратеникот Бојан Стојановски рече дека не е задоволен од одговорот на Ковачевски но дека нема дополнително прашање.

Мирјана Трпческа

 

 

Ковачевски пратенички прашања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.