Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Догодина стабилно и зголемено домашно производство на храна

0
By Соња Крамарска on December 5, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
Од денешната прес-конференција
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска го презентираа новиот буџет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2023 година.

Ковачевски притоа рече дека следната година секторот земјоделство ќе го има најголемиот буџет со кој се реализира најголемата земјоделска реформа за промена на моделот за субвенционирање, и тој претставува основа за понатамошен развој на земјоделството.

„Вкупниот предлог буџет за 2023 за поддршка на земјоделството, во кој што се опфатени сите институции кои учествуваат во развојот на овој сектор, е во износ од 193 милиони евра што претставува зголемување за 45 милиони евра споредено со 2022. Буџетот треба да обезбеди сигурност, стабилност и основа за развој на земјоделството“, соопшти тој.

Најголем дел од средствата се во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, каде што има и најголемо зголемување. Во 2023 година, Агенцијата ќе располага со 140 милиони евра од кои 114 милиони евра се наменети за исплата на субвенциите и спроведување на најголемата реформа во земјоделството.

Ковачевски посочи дека средствата ќе бидат насочени кон авансна исплата на субвенциите и навремена исплата на сите субвенции, зголемено домашно производство на храна, капитални инвестиции и модернизација на македонското земјоделство.

Земјоделците, рече тој, ќе имаат авансна исплата на субвенциите. Ќе ги добиваат парите тогаш кога им се најпотребни, да можат навреме да се подготват за новата производствена сезона.

„Дополнителна поддршка добиваат оние земјоделци кои ќе се насочат кон производство на стратешките култури, со користење на сертифицирано семе и производот ќе го предадат кај регистрирани капацитети или земјоделски задруги. Дополнителна поддршка е предвидено и за земјоделците кои од своето производство создаваат финален производ за продажба“, најави премиерот.

Во поглед на инвестициите во земјоделство тој се осврна на Браната Конско во вредност од 40 милиони евра, чија што изградба започна пред три и пол години и завршува во првиот квартал од 2023 година. „Ова е најголемиот капитален проект за водоснабдување во последните 50 години“, вели Ковачевски. Следната година, како што нагласи, завршува изградбата на хидросистемот Равен-Речица во вредност од 15 милиони евра. Продолжува и изградбата на Браната Речани, како и реализацијата на Програмата за наводнување која вклучува изградба на четири системи за наводнување во рамки на речниот слив на Река Вардар, почеток на изградба на браната на Река Слупчанска.

„Не можеме да зборуваме за развиено земјоделско производство, ако немаме современи откупни и дистрибутивни центри. Следната 2023 година почнува изградба на двата откупни центри во Струмица и Ресен и на „Агрофуд платформата“ во Скопје, преку проектот за модернизација на земјоделството финансиран од Светка банка“, изјави шефот на Владата. Со овој проект, кој е во вредност од 50 милиони евра, како што рече, се обезбедува сигурен и организиран пласман за земјоделските производи, како и безбедни синџири на снабдување со здрава храна за нашите граѓани.

„Нашата крајна цел е да имаме повеќе домашна храна, да не зависиме од увоз, да создадеме модерно и конкурентно земјоделско производство, со мотивирани и задоволни земјоделци“, рече тој.

буџет за земјоделство 2023 Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.