Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Еднакви можности и инклузија на лицата со попреченост е приоритет на оваа Влада

0
By Ана Василевска on December 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Конференија за Меѓународен ден на лицата со попреченост
Конференија за Меѓународен ден на лицата со попреченост
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На настанот се промовираше нацрт-стратегијата за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година кој се изработи во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост и Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Конференција за Меѓународен на лицата со попреченост
Конференција за Меѓународен на лицата со попреченост
На настанот покрај премиерот Ковачевски се обратија и Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Беким Сали, министер за здравство, Росана Дуџак, координатор на ОН во Северна Македонија, Давид Оберхубер, директор на ГИЗ, Спасе Додевски, претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост и Чедомир Трајковски, претседател на НСИОМ.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Денес сакам да упатам голема честитка за Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Ви благодарам што сте денес тука и што ќе имаме прилика заедно да дискутираме на многу важни теми. Драго ми е што денешното обележување го посветуваме на промоција на визијата и приоритетите на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост од идната 2023 до 2030 година.
Кога инвестираме во стратегии и политики на повеќе нивоа ја докажуваме нашата борба против стигмата, против дискриминацијата и сме потсетник и инспирација за секој поединец дека лицата со попреченост ги имаат сите права како секој граѓанин и секое дете, како секој млад човек на оваа држава. Оваа Влада уште од самиот почеток се залага на преземање конкретни мерки, како би се зголемила и подобрила интеграцијата на лицата со попреченост во сите аспекти на општеството-политички, социјален, економски, културен живот. Во мое име и во име на Владата сакам да изразам голема благодарност за искажаната подготвеност на Германското друштво за меѓународна соработка и на тимот на Агенциите на Обединетите Нации за поддршката на овој исклучително значаен системски процес за изработка на овој документ со кој се унапредуваат на правата на лицата со попреченост во Северна Македонија, преку широка соработка со организациите на лица со попреченост и државните надлежни институции.“, рече во својот говор Ковачевски.
Тој упати јасен повик до сите министри во Владата, активно да се вклучат во понатамошната разработка на Стратегијата, односно во креирањето на акцискиот план.
„Лицата со попреченост, мора да бидат вклучени во одлуките што влијаат врз нив. Препораките на ОН јасно повикуваат на конструктивен дијалог со репрезентативните организации. Затоа како Влада досега повеќе пати сме покажале дека здруженијата на граѓани, невладиниот сектор се наши партнери во креирањето политики, стратегии и во носењето одлуки. А кај мене лично Теодор ќе биде лице кое директно ќе учествува во носењето на одлуките“, потенцираше премиерот.

Тој потсети на заложбите, тие да не бидат изоставени од антикризните мерки и во пакетот антикризни мерки беше предвидена финансиска поддршка на социјално ранливите категории граѓани каде лицата кои го користат правото за попреченост, понатаму родителите на децата со попреченост до 26 години, но и лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице добиваат финансиска поддршка од по 3.000 денари.

Владина стратегија Димитар Ковачевски Меѓународен ден на лицата со попреченост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.