Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Избори во 2024-та, му благодарам на Мицкоски за довербата дека Владата одлично се справува со кризата

0
By Соња Крамарска on January 12, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш рече дека нема да се одржат предвремени парламентарни избори, туку дека изборите ќе се одржат во 2024 година.

Тој рече и дека е „комплимент тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара избори во мај, односно напролет, зашто тоа е показател дека Владата ефикасно се справува со енергетската криза која завршува на 30 април“.

„Мицкоски по не знам кој пат поставува барање за предвремени избори. Јас имам многу јасен став кој не го менувам секоја недела како него, дека избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин зашто имаме економска и енергетска криза. Воедно, скрининг процесот е почнат и е во тек, а и земјава е претседавач со ОБСЕ. Сигурно тоа нема да го прекинуваме за да му удоволуваме на Мицкоски и на неговите партиски желби. Избори ќе има во 2024 година. На парламентарните избори ќе победат СДСМ и коалициските партнери, а на претседателските кандидатот што тие ќе го предложат. Тоа што Мицкоски бара избори во мај е комплимент за Владата, тој смета дека Владата одлично се справува и со економската и со енергетската криза која завршува на 30 април. Можам само да му се заблагодарам за довербата дека добро се справуваме со кризата“, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на РЕК Битола.

Димитар Ковачевски предвремени избори Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.