Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Јуни не сум го спомнал за датум, ниту се врзувам за датуми

0
By Соња Крамарска on March 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за МИА посочува дека решението во преговорите кои нашата земја ги води со Бугарија се засноваат на европски вредности, како и на принципи на меѓусебна почит меѓу политичарите, институциите во двете држави како и на зачувувањето на достоинството на граѓаните од двете земји.

Ковачевски во интервјуто вели дека повеќе пати потенцирал дека никогаш не се врзува со датуми туку со реални проекти и додава дека во преговорите на актуелните две влади има нова динамикаи нов процес кој се темели на иднината на двете земји.

„Јас јуни никогаш го немам спомнато и не се врзувам за датуми, затоа што треба да имаме решение кое се заснова прво на европски вредности и до кое што ќе се дојде низ комуникација, засновано на меѓусебна почит меѓу политичарите и меѓу институциите во двете држави како и зачувување на достоинството на граѓаните на двете држави“, истакнува премиерот.

„Само такво решение може да претставува добра основа за отпочнување на преговорите и градење на меѓусебна доверба на две соседни држави“, нагласува тој.

Ковачевски смета дека поддршката на граѓаните за ЕУ сѐ уште е на високо ниво, но неотпочнувањето на преговорите дава лош сигнал и тоа не само за нашата држава, туку за целиот регион. Тој предупредува дека постојат и трети држави кои не сакаат да ја видат СевернаМакедонија дел од Унијата.

„Неотпочнувањето на преговори со Република Северна Македонија дава лош сигнал, бидејќи ние веќе имаме четири позитивни извештаи од страна на Европската комисија за нашиот напредок кон ЕУ. Тоа дава лош сигнал како за нас така и за цел регион. Министерот за надворешни работи сподели тоа што беше дел од одредени истражувања, а тоа е дека поддршката за ЕУ е сѐ уште на исклучително високо ниво, над 68 проценти. Меѓутоа неисполнувањето на одржувањето на првата меѓувладина конференција го зголемува скептицизмот кај одредени групи, што е нормално во еден таков долг процес и не е добро. Постојат и трети држави коишто не сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ и коишто финансираат различни групи па и политички партии“, вели македонскиот премиер, додавајќи дека нашата земја е најновата членка на НАТО благодарение на тешките одлуки и дека сега е очигледно колку е значајно да се биде земја членка на НАТО.

 

Димитар Ковачевски интервју за МИА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.