Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Касами да не ме уценува за уставни измени, не сакам да верувам дека му е заложник на Апасиев

0
By Соња Крамарска on December 26, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски му порача на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами да не се обидува поддршката за уставни измени да ја условува со барање за предвремени избори затоа што тој не функционира под уцени, а изборите ќе се случат во редовниот термин во 2024 година.

„Не функционирам под уцени, изборите ќе бидат во 2024 година, а прашањето за уставни измени е сериозно и државничко прашање затоа што е заокружување на процесот на отворање на кластерите во преговорите со ЕУ. Сега зависи од нас и ова прашање е прашање на принципи дали некој го поддржува европскиот пат или не. Повикувам на широк општествен и политички консензус за европскиот пат на државата. Ова не е последната одлука за ЕУ. Следуваат тешки одлуки, следуваат реформи кои ги поминале сите кандидати и тоа е процес кој ќе трае до 2030 година според нашата зацртана цел“, рече Ковачевски.

Премиерот смета дека сите идни влади треба да работат на членството и од тој процес, рече, нема враќање освен за оние што се противат на членството.

„Таква партија е Левица која ја зема во заложништво и ВМРО-ДПМНЕ. Јас не сакам да верувам дека Билал Касами се ставил заложник на Левица и на Апасиев. Условување на тие важни одлуки за иднинте генерации, тоа е кочење на државата. Замислете на следната одлука за ЕУ некој да рече ќе ве поддржиме само ако има предвремени избори во Тетово. На Владата и треба 61 пратеник за да биде Влада. На граѓаните им треба двотретинско мнозинство за да продолжи патот“, порача Ковачевски.

 

Билал Касами Димитар Ковачевски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.